Информација за постапка за транзиција на Акредитација за ЕВС и Ознака за квалитет, Европски солидарен корпус
Информација за постапка за транзиција на Акредитација за ЕВС и Ознака за квалитет, Европски солидарен корпус
Ги информираме сите младински организации и други субјекти кои поседуваат Акредитација за ЕВС дека валидноста на сите акредитации за ЕВС добиени во рамките на Еразмус+ програмата ќе бидат продолжени за една година, односно ќе бидат со валидност до 31 декември 2021 година.
Со продолжувањето на валидноста на Акредитација за ЕВС се овозможува:
- Секоја младинска организација која поседува Акредитација за ЕВС добиена во рамките на Еразмус+ програмата – да може да ја користи оваа акредитација за учество како партнерска организација во активности што се финансирани според тековните програми и идните што ќе бидат финансирани од Европскиот солидарен корпус заклучно со 31 декември 2021 година.
- Доколку организација, која е носител на Акредитација за ЕВС (Еразмус+), има намера да поднесе апликација преку новата програма (од 2021) тогаш треба претходно да аплицира за добивање на Ознака на квалитет. Во таков случај организацијата ќе треба да поднесе целосна апликација за Ознака за квалитет, каде ќе бидат соодветно застапени улогите како организација кои ги имаат во Акредитацијата за ЕВС (Еразмус+). По поднесување на апликација за Ознака за квалитет истата ќе биде обработена од НА и доколку добие позитивна оценка апликацијата тогаш НА ќе ја замени Акредитацијата за ЕВС со нова Ознака за квалитет.
Сите корисници, (организации-апликанти) на волонтерски проекти/партнерства во Еразмус+ или Европски солидарен корпус, кои веќе имаат Акредитација за ЕВС или Ознака за квалитет ќе можат да ги завршат проектите кои се финансирани според тековните програми, дури и ако реализацијата на овие проекти се одвива после 31 декември 2021 година.
Организациите што имаат добиено Ознака за квалитет според тековната програма или ќе им биде продолжена Ознаката за квалитет, и/или ќе достават лесен формулар за апликација за да можат да поднесат апликација во новата програма од 2021.
Лице за контакт во Национална агенција за европски образовни програми и мобилност :
Снежана Симоновска
Раководител на сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади & Европски солидарен корпус
Емаил: snezana.simonovska@na.org.mk
Моб.тел: 00389 75 402 806