Реализиран настан за волонтери преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус – „Прашај ја НА“
На ден 16.10.2020 година од 11.00 – 14.30 часот, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, 11 волонтери присуствуваа на вториот еднодневен настан за волонтери од програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус.

Учесниците на настанот „Прашај ја НА“ се волонтери кои во моментот ги реализираат своите волонтерски проекти во повеќе градови во државата.
Минатата година, за прв пат, беше организиран овој настан и беше оценет како многу корисен од страна на присутните волонтери.
Поради тоа Националната агенција продолжува со оваа актвиност и годинава и покрај состојбата со КОВИД 19.
За време на настанот волонтерите имаа можност:
- Да се запознаат со работата на Националната агенција и со вработените кои директно работат со волонтерски проекти на дневна основа;
- Да се запознаат повеќе со нивните права и обврски како волонтери;
- Да споделат искуство од волонтерските активности на кои секојдневно работат во оргнизациите во државата;
- Да разменат искуство со другите волонтери кои се на други проекти;
- Да постават прашања и да добијат одговор од вработените во НА;
- Да добијат одговор на прашања поврзани со ефектот на КОВИД 19 врз волонтерските проекти и волонтерите.
Целиот настан се реализираше во пријатна, опуштена атмосфера и непосредна комуникација помеѓу вработените од Национална агенција и волонтерите. Како резултат на ова имаше отворена дискусија и прашања од волонтерите кои дискутираа за актуелни тековни и очекувани ситуации поврзани со нивниот волонтерски ангажман на проектите.

Настанот заврши со отворена сесија на прашања и одговори за ситуации кои претходно не беа споменати или дискутирани.
Настанот се одржа во дезинфицирана просторија со сите активни мерки за заштита против КОВИД 19 (почитување на дистанца помеѓу присутните, задолжително носење на заштитна маска и извршување дезинфекција на рацете пред влегување во просторијата).