Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски оствари работна средба со Вицепремиерот Љупчо Николовски
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски оствари работна средба со Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

На средбата беше потенцирана заедничката заложба за позитивни промени на состојбите во насока на одговорно, чесно и посветено работење на Националната агенција.

Промовирањето на европските вредности, напредокот на младите, како и зајакнувањето на образовните капацитети преку достапност на европските едукативни програми ќе бидат врвен приоритет во работењето во претстојниот период.
