Европски инструменти во стручно образование и обука и нивна примена во Република Северна Македонија- можности и перспективи за соработка
На 24.12.2020 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), организираше работен состанок за примената на Европските инструменти во стручно образование и обука, состојбите во Република Северна Македонија- можности и перспективи за соработка.

На настанот свои презентации и излагање имаа директорката на Центарот за стручно образование и обука Ардијана Исахи Палоши, претставниците на Министерството за образование и наука Дана Бишкоска и на Центарот за образование на возрасни Лилјана Лазова.
Експертите на НАЕОПМ, Игор Николов и Марија Коваческа, ги презентираа стратегиските документи од кои произлегува примената на на Европските инструменти во стручно образование и обука, нивната поврзаност и синергија, состојбите во Република Северна Македонија и законската регулатива од аспект на примена на овие Европски инструменти.
Претставниците на сите институции имаа можност подобро да се запознаат во однос на надлежностите кои ги имаат поврзани со Европските инструменти во стручно образование и обука, како и да дадат препораки идна соработка.
Модератор на настанот беше Колекеска Маја, координатор на ЕКВЕТ активостите во рамките на НАЕОПМ.
