Постоечката меѓународна соработка на програмите на Европската комисија во високото образование и обука ќе биде пренесена и во новата Еразмус + програма. Вклучени се:

• Жан Моне (Оваа програма е дел од постоечката програма за Доживотно учење)
• Еразмус Мундус
• Темпус
• Алфа
• Едулинк

Тековните програми финансирани, подржани и менаџирани од Генералниот директорат за образование и култура, како што е програмата за доживотно учење, Млади во акција и други меѓународни програми имаат одобрение да се кандидираат  за периодот од 2007 до 2013 година под буџетскиот период на Европската унија.

Досегашниот буџетски период доаѓа при крајот, Генералниот Директорат за образование и култура ги разгледува програмите кои поддржуваат образование, обука, млади и спорт и истражуваат случувања кои би можеле да ги направат поефикасни и покорисни.

Како резултат на предлогот за радикално да се промени структурата на програмите е осмислена за да се создаде повеќе рационалелн пристап и поедноставување на пристапот до финансирање. Еразмус + ќе ги замени седумте постојните програми со една. Единствената програма ќе резултира со поедноставени праила и процедури за аплицирање, како и избегнување на фрагментација и дуплирање.

Главните активности на постоечките програми ќе продолжат (т.е.мобилностите за учење, проекти за соработка и поддршка за реформи на политиките), но активностите ќе бидат зајакнати. Исто така, постојат голем број на нови иновативни можности за финансирање, вклучувајќи степен студентски кредит шемата за грантирање на Еразмус мастерс студиите, сојузи на знаења и секториски сојузи за вештини.

Целосната листа од програми се состои од: Програмата за доживотно учење (вклучувајќи Жан Моне); Млади во акција; Еразмус Мундус; Темпус; Алфа; Едулинк; билатералната соработка со индустријализираните земји; Спорт и подготвителни активности.

Првенствено Европската Комисија го предложи називот “Еразмус за сите” со цел да ги унифицира сите програми под еден назив т.е под едно бренд име. Но предлогот беше одбиен од Европскиот парламент при што новото име што беше изгласано гласеше Еразмус+.

Сеуште не е јасно дефинирано дали под првенствениот предлог, називите на потпрорамите ќе продолжат.

Се уште не е јасно дефинирано дали според сегашниот предлог, имињата т.е називите на потпрограмите ќе продолжат со истите називи. Ние ја признаваме распространетоста на почитта и љубовта која се чувствува за тековните програми низ Европа, како и големиот придонес што го имаат постигнато програмите за образованието, обуката и учењето низ годините.

Спектар на евалуации и консултации беа спроведени за тековното европско образование, обуки и програми за младите, овие евалуации и консултации се спроведоа во Европа во текот на изминатите две години. Покрај тоа беа составени голем број на работни групи од клучните чинители и претставници на Националните агенции.

Целта на овие групи беше да испита како програмата може да биде подобрена за да има што поголем бенефит за организациите и индивидуалците.

Клучна акција 1: Мобилност за учење на индивидуи

Мобилноста за транснационално учење овозможува  подобри вештини на луѓето, личен развој и вработување. Со превземените мерки Европската Комисија сака да го зголеми значително износот на мобилности што се одвиваат во сите земји учеснички на програмата. Во рамките на предложениот буџет се проценува дека 5.000.000 луѓе за периодот помеѓу 2014 и 2020 година би можеле да бидат дел од оваа клучна акција.

Оваа клучна акција ќе поддржи четри различни видови на активности од областа на формалното и неформалното образование:

• мобилност на индивидуи (сите сектори на доживотното учење, образование и обука на професионалци вклучувајќи и младински работници кои се вклучени во образованието, обуката или неформално учење за млади)

• Мобилност на студенти од Високообразовни институции и студенти во полето на стручно образование и обука (студирање, работа базирана на учење, обука)

• Мобилност на студенти на последипломски студии (студентски кредит-шема за грантирање)

• Младински размени и волонтирање на младите.


Клучни Акција 2: Соработката за иновации и размена на добри практики

Транснационални проекти за соработка ја поттикнува транспарентноста, иновациите и размената на најдобрите практики во Европа.

Оваа акција ќе поддржи четири различни видови на активности:

• Стратешки партнерства (мали партнерства и големи транснационални проекти), вклучувајќи и младински иницијатива проекти и соработка младинскиот сектор

• Алијанси на знаење и Алијасни за секторски вештини (структурирани партнерства помеѓу Високообразовни институции и бизнисот, и студенти во полето на стручното образование и обука и бизнис соодветно)

• ИКТ платформи (моделот еТвининг е изграден на три платформи)

• Градење на капацитети (проекти на Високообразовни институции со трети земји).

Клучна акција 3: Поддршка на реформските политики

Целта на оваа акција е да се зајакне поддршката за активности кои помагаат во управувањето на агендата на ЕУ  за образование и обука.

Оваа акција ќе поддржи три различни видови на активности:

• Отворен метод на координација и Европскиот семестар (поврзани со образование и обука 2020, Европа 2020)

• ЕУ алатки (валоризација и алатки за имплементација)

• Политички дијалог (со засегнатите страни, трети земји и меѓународни организации), вклучувајќи и младински структуриран дијалог.

Програмата ќе биде отворена за :

• Земјите членки на ЕУ

• Земјите пристапнички кон ЕУ, земјите кандидати и потенцијалните кандидати кои имаат корист од претпристапната стратегија

• Земјите од Европската слободна трговска зона (EFTA) кои се потписнички на Договорот за Европската економска област (ЕЕА)

• Швајцарската Конфедерација, под услов да има склучено посебен меѓународен договор

• Земји опфатени со Европската соседска политика, со кои е склучен билатерален договор

Земјите-членки на ЕУ се автоматски Еразмус+ програмски земји. Другите земји во листата погоре може да станат програмска земја доколку исполнат одредени административни услови и воспостават Национална агенција за управување со програмата.

Сите други земји во светот се земјите-партнери и можат да учествуваат во одредени активности или во согласност со специфичните услови.

Не!

Во новата програма апликациите ќе треба да се испраќаатпреку организација, а не како индивидуа. Специфични отстапки ќе бидат направени за младинскиот сектор за да се овозможи неформални групи на млади луѓе да аплицираат.

Целосните критериуми за квалификуваност ќе биде објавени со повикот и до тогаш тешко е да се даде било какви дополнителни совети за спроведувањето на апликациоскиот процес.

Организациите во сите сектори кои се активно вклучени во обезбедување на формално и неформално образование, обука и младинска работа ќе бидат во можност да аплицираат за грантирање за нивните вработени и ученици. Целосните критериуми за квалификуваност се уште не се објавени од страна на Европската комисија.

Дополнителни информации за високообразовните институции

Нa сите високообразовни институции (ВОИ) мора да им бидат доделени нови Еразмус повелби за високо образование (ECHE) за да бидат квалификувани за грантирање во новата програма. Крајниот рок за пријавување за 2014/15 е завршен; Институциите ќе можат да аплицираат за идно учество во следниот повик.

Не.

Грантовите за Подготвителни посети беа понудени во Програмата Доживотно учење за да им помогнат на организациите да најдат партнери за нивните проекти. Претходно оваа година беше најавено дека нема да има понатамошни грантови за Подготвителни посети во рамките на Програмата Доживотно учење (односно до крајот на 2013 година) и сега сме во позиција да потврдиме дека Подготвителни посети нема да бидат грантирани во рамките на Еразмус+ (односно од 2014 година наваму).

Не.

Програмата е отворена за широк спектар на организации во сите сектори на образованието, обуката и младите. Секоја јавна или приватна организација активно вклучена во овие области може да аплицира за финансирање преку програмата Еразмус+. На пример, училишта, институции вклучени во високото образование, институции вклучени во дошколување, институции вклучени во образование за возрасни, младински организации, добротворни организации, мали и средни претпријатија и слично, како и неформални групи на млади луѓе.

Во Вторник, на 19ти Ноември 2013 година, Дорис Пак, пратеник во Европскиот парламент потврди дека лицата кои се невработени, повеќе нема да бидат подобни да аплицираат во Леонардо да Винчи програмата, во склоп на Еразмус +.

Ние сме свесни дека овој податок е разочарувачки за повеќето од нашите моментални проекти кои имаат испратено лица на пазарот на труд на стажирања од претходната програма Доживотно учење.

ВЕТ провајдерите сеуште ќе имаат можност да испраќаат штотуку дипломирани студенти на стажирање во состав на програмата Еразмус +. Детали во врска со тоа како оваа работа ќе се реализира во пракса, ќе бидат достапни во Повикот за предлог проекти кој ќе биде транспарентно објавен.

Организациите кои имаат желба да испраќаат лица кои бараат работа на стажирања во Европа, сега ќе биде потребно да ги истражуваат можностите кои им ги обезбедува Европскиот Социјален фонд.  Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: 

http://ec.europa.eu/esf/home.jsp

Да.

Стручното образование и обука ќе бидат поддржани. Вработените, учениците и организациите кои се вклучени во стручно образование и обука ќе имаат големи бенефиции од новата програма.

Да.

Сега ќе биде возможно да се учи и обучува во странство повеќе од еднаш, како Еразмус+ студент. Како и да е, високообразовните институции може да даваат приоритет на студенти кои никогаш претходно немале можност да остварат искуство во странство.

За повеќе информации, посетете го следниот линк: 

European Commission’s Erasmus+ FAQs.

Асортиман од различни видови проекти ќе бидат финансирани преку новата програма. Еразмус плус ќе финансира 3 клучни акции од областа на образование, обука и млади:


• Клучна акција 1 (КА1) – Учење преку индивидуални мобилности
• Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри пракси
• Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформни политики


Секоја клучна акција ќе биде отворена за организации кои се активни во полето на образование, обука и млади и обезбедуваат можности за персонал, ученици и корисници да бидат вклучени. Секоја акција ги поддржува и формалните и неформалните искуства и активности.
Исто така ќе има и посебни акции за ЖанМоне и спорт.

Целокупниот буџет за Еразмус+ програмата ќе биде 14.7 милијарди евра од 2014-2020 година. Иако програмата е интегрирана и нема да има посебни потпрограми за различни области од доживотното учење и развојот на младите, ќе има определени мерки кои ќе придонесат за обезбедување на фер распределба во сите целни групи.

Анализа на целокупниот буџет:
• Образование и обука (77.5%)
• Млади (10%)
• ЖанМоне (1.9%)
• Спорт (1.8%)
• Друго (8.8%)

Минимална распредеба на средства по поле во состав на образованието и обуката:
• Високо образование (43%)
• Стручно образование и обука (22%)
• Училишта (15%)
• Образование на возрасни (5%)
• Останати средства за распределба во образование и обука (15%)

Да.

Асортиман од различни видови активности ќе продолжат да поддржуваат професионален развој преку областите за образование и обука. 

Да.

Вработени, млади луѓе и организации кои се вклучени во младинска работа ќе имаат корист од новиот младински аспект кој е специјално дизајниран за да ги задоволи нивните потреби.

Да.

Високото образование ќе биде поддржано. Вработените, студентите, универзитетите и другите организации вклучени во високото образование ќе имаат корист од новата програма. Студентите на постдипломски студии исто така ќе имаат можност да бидат финансирани од програмата, вклучувајќи ја позајмувачката шема предложена од Европската Комисија. Ве молиме имајте ги во предвид условите наведени погоре ( прашање 10) за високо образовни институции (ВОИ) да добијат Еразмус чартер за високо образование (ЕЧВО) со цел да имаат пристап до фондовите од новата програма.

Листата на наградени носители на Еразмус чартер за високо образование е објавено на “EACEA” веб сајтот.

Да.

Спектарот на активностите ќе продолжат да ги опфаќаат правилата на образованиеот преку образованието и обуката. Реформите на правилата во младинскиот сектор ќе бидат финансирани во рамките на делот за млади.

Да.

Училиштата ќе бидат поддржани. Вработени, ученици и организации вклучени во училиштата или разавој на наставнички кадар ќе имаат корист од новата програма.

Да.

Образованието за возрасни ќе биде поддржано. Вработени, ученици и организации вклучени во образованието на возрасни ќе имаат корист од новата програма

Сегашната програма за Доживотно учење ги вклучува Комениус, Еразмус, Грундвиг, Леонардо и Трансверзалните програми. Со овие програми се обезбедува финансирање за образование и обука во сите фази на доживотно учење.

Програмата Млади во акција нема повеќе да постои како посебна програма, таа ќе биде интегрирана во новата програма Еразмус +. 

Европскиот совет одлучи да воведе посебен дел за млади во новата програма со цел подобро да ги задоволи потребите на младите луѓе. Ќе биде структурирано на ист начин како претходната со три клучни акции со свој расположлив буџет.

Се уште има активни дискусии со цел да се осигури вклученоста на младите луѓе со ограничени можности како и обезбедување на систем за поддршка со цел веќе постојните од програмата Млад во акција да се обезбедат и во новата програма Еразмус +.

Доколку спроведувате тековен проект кој продолжува по 2013 година, договорот за грант ќе ви остане активен во новата програма, а понатамошните активностите ќе ги реализирате како што се планирани претходно.

Дури и ако Националните агенции се променат од јануари 2014 година, вашиот договор за било која активност потпишан за време на старата програма ќе остане валиден. 

Во време на подготовка за новата програма Еразмус +, оваа дата база привремено е недостапна за тековно одржување и надградба.

Доколку се имате регистрирано на интернет страната, Националната агенција ќе ве контактира да ви даде подетални информации. 

Да.

еТвининг сеуште е достапна преку Еразмус + и ќе продолжи да биде начин за наоѓање на партнерства од цела Европа помеѓу училиштата и образовните институции.

Националната агнеција не е во позиција директно да посредува во склучување на партнерства, за разлика од еТвининг. Сепак, постојат некои ресурси кои можат да помогнат во дополнителна помош и да дадат правилни насоки.

Користење на постоечки институционални врски

Многу организации веќе имаат европски линкови преку мрежни тела, партнерства или работни контакти. Претходната соработката со партнерите на вашата организација подразбира дека можете да ја зацврстите и за идни проекти.

Користење на европските организации за поддршка

Сервисот Еуродеск содржи листа на ресурси кои ќе ви помогнат да најдете партнерства за различни типови на проекти. Во однос на финансирање на проекти во полето на спорт, партнери можете побарате со алатката за барање на партнери од спортот достапен преку Европската Комисија.

Датабаза ЕВЕ

Датабазата ЕВЕ претставува електронска платформа за европски проекти од културата, млади и доживотно учење.ЕВЕ може да се користат како алатка за подобрување на вмрежувањето и лоцирање на потенцијалните партнери.

Користење на други проекти

Може да ги контактирате тековните или изминати проекти од Доживотно учење во оној дел за кој сте вие заинтересирани или да побарате препорака од истите за некој друг партнер. Детали за проекти може да најдете на интернет страната на Леонардо, на Грундвиг или на интернет страната на Комениус. Истотака, можете да бнајдете детали од сите изминати проекти на централизирано ниво, вклучително и контакти од организации на интернет страната на извршната агенција во Брисел.

Мрежа на социјални медиуми

Побарајте ја мрежата за пронаоѓање на ЕУ партнерства преку социјалниот медиски канал како „EU Projects Partner Finding“ на Facebook и „EU Projects Partner Finding“ на LinkedIn.

Translate »