Втора пилот-шема за мобилности во стручното образование и обука во Западен Балкан

Административни постапки – Европска комисија

Повик за предлог-проектиEAC/S54/2019

 

Втора пилот-шема за мобилности во стручното образование и обука во Западен Балкан

1.ОПИС, ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТНИ ТЕМИ

Еразмус+ веќе нуди обуки, учење и можности за мобилност за учениците и персоналот од стручното образование и обука. Меѓутоа, овие акции се единствено отворени за програмските држави (27 држави-членки + 6[1]). Други непрограмски држави може да учествуваат во одредени акции на програмата, предмет на посебни критериуми и услови. Се случува интернационализација на секторот во ЕУ и неколку партнерски држави бараат меѓународно отворање на акциите на Еразмус+ за СОО за да се искористат добрите искуства што се акумулирале во рамките на Еразмус+ и од претходните програми. 

 

Програмата за економска реформа на Западен Балкан (Economic Reform Programme) ја посочува важноста на стручното образование и обука (СОО) во поддршката на индустријата и зголемувањето на економскиот раст. Дипломците од СОО се, исто така, и креатори на работни места. Мора да се стекнуваат вештини релевантни за пазарот на трудот и истите да бидат признати во сите видови на обука, независно дали станува збор за формално, информално или неформално образование со оглед на тоа дека поголемиот дел од обуката се одвива во информалниот сектор. СОО мора да биде кохерентен систем чијашто намена е да ги исполни барањата на социоекономскиот развој, во смисла на квалитетни и вешти човечки ресурси, во согласност со Торино регионалниот извештај од 2016 година, при што Западен Балкан се залага за одговор од СОО спрема економијата како висок приоритет на неговата реформска агенда во контекст на тромава вработеност и висока невработеност на младите. Тековно, на Западен Балкан, релевантноста на СОО на вработувањето е ограничено, обуката е скапа и инвестициите од владите се предизвик. Сепак, нивоата на уписи се зголемија, но пристапот на девојчињата до СОО и натаму е недоволен.

 

Општите цели на овој повик се:

-        Да придонесат кон подобрување и модернизација на СОО-системите во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово*[2], како и зајакнување на врските меѓу СОО и пазарот на трудот.

-        Да го зајакнат капацитетот на СОО-провајдерите кај четирите споменати партнери преку промоција на активности на мобилност кои се стремат да ги подобрат вештините и компетенциите на наставниците од СОО, учениците и менаџерите, како и кариерните можности на младите ученици.

2.Право на учество

2.1  Апликанти кои може да учествуваат

Апликантите кои може да се јават на овој повик се:

-        Јавна или приватна СОО-организација активна во областа на стручното образование и обука и законски регистрирана во програмска држава на Еразмус+ или

-        Законски регистриран конзорциум на јавни или приватни СОО-организации регистрирани во програмска држава на Еразмус+.

Апликантот (или носителот во случај на конзорциум) мора да биде основан во држава-членка на ЕУ.

2.2  Партнери со право на учество

-        Која било јавна или приватна организација од областа на стручното образование и обука (наречен СОО-провајдер), законски регистриран во Еразмус+ програмска држава или во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово*, која нуди курсеви кои водат до квалификации кои се признати од надлежните власти и акредитирани од релевантните национални власти; или

-        Кој било законски регистриран конзорциум на јавни или приватни провајдери на СОО регистрирани во програмска држава на Еразмус+ или во Албанија, Босна и Херцегвина, Црна Гора и Косово*; или

-        Која било јавна или приватна организација активна на пазарот на трудот (натаму „претпријатие“) и законски регистрирана во програмска држава на Еразмус+ или во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово*.

2.3 Partnership composition requirement

Предлог-проектот мора да вклучува најмалку 7 организации од кои најмалку 5 од 3 различни програмски држави на Еразмус+ и 2 организации од 2 од четирите таргетирани партнери на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово*).

Предлог-проектот не смее да има повеќе од 12 партнери.

2.4  Прифатливи активности

Прифатливи активности за овој повик се следниве:

-        Аранжмани за мобилности вклучувајќи ја идентификацијата на целните групи од персоналот, менаџерите и учениците, изготвувањето програма за обука и резултати од учењето и селекција на учесници;

-        Мобилностите заради учење, вклучувајќи:

  Мобилности заради учење кај СОО-провајдери и/или претпријатија во странство, од 2 недели до помалку од 3 месеци;

 

  Долгорочни мобилности заради учење во СОО-провајдери и/или претпријатија во странство (ЕразмусПро вид на мобилност[3]) од 3 со 12 месеци;

 

-        Мобилност на персонал, вклучувајќи:

Настава/обука во странство - оваа активност им овозможува на персоналот на СОО-провајдерите да држат настава кај партнерски СОО-провајдер во странство. Исто така, овозможува персоналот на претпријатија да обезбеди обука кај СОО-провајдер во странство.

 

Обука на персонал во странство - оваа активност го поддржува професионалниот развој на СОО-персоналот во форма на работно практиканство или работа во сенка/период на набљудување во странство во претпријатие, или кај кој било друг СОО-провајдер.

 

Времетраењето на мобилностите на персоналот за таквите цели зависи од природата на активноста и се ограничени до максимум времетраење од 3 месеци.

 

-        Обуки;

-        Конференции, семинари;

-        Комуникациски активности, подигнување на свеста и активности за дисеминација на национално и регионално ниво;

-        Акции насочени кон создавање и подобрување на мрежи, размени на добри практики;

-        Мапирање, анализа и истражување на најдобри практики за во иднина да се изготви сеопфатна програма за мобилност во СОО.

2.4       Времетраење на проектот

Максималното времетраење на секој проект е 42 месеца.

3.Очекувани резултати

Пилот-повикот за предлог-проекти ќе финансира мобилности на ученици и персонал и се очекува да бидат вкупно финансирани од 800 до 1000 мобилности.

СОО-пилот-шемата за мобилност има за цел да ги поддржи лицата кои учат за нивното стекнување на знаење, вештини и компетенции за да ја подобрат својата вработливост и личен развој. Шемата, исто така, се стреми да ја подобри понудата на обуки (наставна програма и план за практиканство) во СОО-институции како и целокупниот квалитет на СОО-наставата, мобилноста на персоналот за да се изградат нивните капацитети за да се ревидираат и модернизираат наставните програми и наставните методи во нивните матични институции (содржина и педагошки методи).

 

Исто така, се очекува да бидат зајакнати капацитетите на СОО-провајдерите на Западен Балкан за да обезбедат повисок квалитет и порелевантно образование и обука.

 

Мобилностите главно ќе се фокусираат на влезните ученици и персонал, отколку на излезните (излезните мобилности ќе се примебнуваат само кај персоналот).

4.Расположлив буџет

Комисијата очекува да финансира максимум четири проекти. Вкупниот максимален буџет наменет за ко-финансирање е проценет на 4 (четири) милиони EUR.

Максималниот грант за секој предлог-проект ќе биде 1 (еден) милион EUR, а минималниот грант ќе биде EUR 700.000 (седум стотини илјади). 

5.Критериуми за доделување грант

Во рамките на расположливиот буџет, грантови ќе бидат доделени на оние предлог-проекти кои најдобро ги исполнуваат критериумите за квалитет.

Апликациите со право на учество ќе се оценуваат посебно за секој лот врз основа на следниве критериуми:

 

Критериуми

Макс. бодови

1

Релевантност на проектот

30 бодови

2

Квалитет на проектниот дизајн и имплементација, вклучувајќи ја и предлог методологијата

25 бодови

3

Квалитет на проектниот тим и аранжманите на соработка

20 бодови

4

Одржливост, влијание и дисеминација на очекуваните резултати

25 бодови

 

6.Процедура за достава и рокови

Рокот за достава е: 17 јуни 2020 година – 12.00 пладне(бриселско време)

 

Апликациите мора да бидат доставени електронски, целосно пополнети и датирани. Мора да бидат потпишани од овластено лице што има право да склучува законски облигации во името на организацијата-апликант.

Апликациите мора да се испратат до следнава е-мајл адреса:

EAC-VET-mobility-scheme@ec.europa.eu

7.Информации за повикот

Какви било прашања што може да се појават за време на периодот за аплицирање треба да бидат испратени на функционалната е-пошта подолу:

EAC-VET-mobility-scheme@ec.europa.eu

 



[1] Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција, Република Северна Македонија и Србија.

[2] Оваа назнака е без да се навегува во правото во позициите за статусот и во согласност со UNSCR 1244 и мислењето за Косовската декларација на независност на ICJ.

[3] Долгорочна мобилност кај СОО-провајдери и/или претпријатија во странство од 3 до 12 месеци.

Назад