tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Повик за eTвининг национална ознака за квалитет 2019/2020

Повик за eTвининг национална ознака за  квалитет 2019/2020

Нациоаналната агенција за европски образовни програми и мобилност ги повикува сите заинтересирани да се пријават за еТвининг национална ознака за квалитет за училишната 2019/2020 година.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 јуни 2020 година

tl_files/web/banners/banner_etwinning.jpg

Повеќе...

Одржана онлајн обука на тема „Улогата на еТвининг во подготовка на учениците за нивната иднината“

Среда, 27 мај 2020 година

Одржана онлајн обука на тема „Улогата на еТвининг во подготовка на учениците за нивната иднината“

 

Од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беа номинирани четворица наставници од Република Северна Македонија да земат учесто на еТвининг онлајн работилницата наменета за наставници од стручно образование и обука на тема „Улогата на еТвининг во подготовка на учениците за нивната иднината“.

Обуката се одржа од 13 до 15 мај 2020 година на еТвининг платформата, во Лабораторијата за учење, со поддршка на алатки за видео конференција, каде што се наоѓаа сите информации за различните сесии и активности.

Повеќе...

Денот на Европа и е-Twinning 9ти Мај

tl_files/web/Upload/eTwinning_tool_TW.png

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност лансираше online платформа за изведување на видеоконференции.
Денеска за првпат беше одржан видео настан, по повод Денот на Европа и е-Twinning, на којшто директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, беше поканета како гостин на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ - Кисела Вода.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за дополнување на базата за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

Врз основа на Решение за 25-629/2, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за  дополнување на базатаза Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

 

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ЕПАЛЕ НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП.  Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел ќе биде да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука.

Повеќе...

РАБОТНА ПРОГРАМА 2020 Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Еразмус + е програма на ЕУ за областите образование, обука, млади и спорт за периодот 2014-2020[1]. Борбата против високите нивоа на невработеност - особено кај младите - е една од најитните задачи на европските влади. На Европа ѝ требаат покохезивни и поинклузивни општества што им овозможуваат на граѓаните да играат активна улога во демократскиот живот. Образованието, обуката, младинската работа и спортот се клучот за промоција на заедничките европски вредности, за негување на социјална интеграција, за зајакнување на интеркултурното разбирање и чувството на припадност во одредена заедница, како и за превенција од насилниот радикализам. Еразмус+ е ефективен инструмент за промоција на инклузијата на луѓето од заостанати средини, вклучувајќи ги и новопристигнатите имигранти.

 

Програмата поддржува акции, соработка и алатки доследни со целите на стратегијата Европа 2020 и нејзините ударни иницијативи како што се Младите во движење и Агендата за нови вештини и работни места. Исто така, придонесува кон остварување на целите на Стратегиската рамка за образование и обука за европска соработка во областите образование и обука, како и на Европската младинска стратегија.



[1] РЕГУЛАТИВА (ЕУ) Бр. 1288/2013 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 11 декември 2013 година за воспоставувањето на „Еразмус+“: програма на Унијата за образование, обука, млади и спорт

(http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=OJ:L:2013:347:0050:0073:EN:PDF)

Повеќе...

Известување

Известување,
 
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од понеделник 27.04.2020 година продолжува со редновно работно време со почеток помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот. Воедно без исклучоци во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност задолжително се постапува по донесената Уредба со законска сила за носење лична заштита на лицето  заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID -19 и заштита на населението за време  на вонредна состојба.
 
 
Во прилог :

Втора пилот-шема за мобилности во стручното образование и обука во Западен Балкан

Административни постапки – Европска комисија

Повик за предлог-проектиEAC/S54/2019

 

Втора пилот-шема за мобилности во стручното образование и обука во Западен Балкан

1.ОПИС, ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТНИ ТЕМИ

Еразмус+ веќе нуди обуки, учење и можности за мобилност за учениците и персоналот од стручното образование и обука. Меѓутоа, овие акции се единствено отворени за програмските држави (27 држави-членки + 6[1]). Други непрограмски држави може да учествуваат во одредени акции на програмата, предмет на посебни критериуми и услови. Се случува интернационализација на секторот во ЕУ и неколку партнерски држави бараат меѓународно отворање на акциите на Еразмус+ за СОО за да се искористат добрите искуства што се акумулирале во рамките на Еразмус+ и од претходните програми. 



[1] Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција, Република Северна Македонија и Србија.

Повеќе...

Официјални информации за коронавирус во Северна Македонија

Сите информации за коронавирус во Северна Македонија можете да ги најдете на следниот линк:

https://koronavirus.gov.mk/

Прашања и одговори поврзани со активностите на Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус во светло на КОВИД-19 епидемијата

Прашања и одговори поврзани со активностите на Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус во светло на КОВИД-19 епидемијата

 

 

  КОВИД-19 епидемијата има негативни ефекти врз тековните или планираните активности на програмите Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус.

 

  Главната цел на Европската комисија е безбедноста и заштитата на сите учесници на Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус, при што целосно се почитуваат националните мерки за претпазливост. Европската комисија работи за да им помогне на корисниците и студентите, учениците, волонтерите и на другите учесници во програмата да се справат со последиците по нив.

 

  Комисијата и натаму ќе ја адаптира својата реакција на оваа несекојдневна ситуација како што таа ќе еволуира, појаснувајќи ги и поедноставувајќи ги правилата и процедурите онаму каде што ќе биде потребно, во соработка со националните агенции и на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура (EACEA).

Повеќе...

11 Младински цели

1.  Образование и учење

2.  Вработување

3.  Европски младински програми и младински организации

4.  Родова еднаквост

5.  Инклузија

6.  Информации, дијалог и разлика

7.  Ментално здравје и благосостојба

8.  Рурални средини

9.  Младите и ЕУ

10. Младите, животната средина и одржливоста

11. Младински простори и секојдневно учество

Повеќе...