DSC_5393

м-р Марко Ѓоргиевски

в.д. директор

Марко Ѓоргиевски е именуван за в.д. директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност на 05ти ноември 2020 година.
Дипломирал на Факултетот за Деловна економија и организациони науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје во областа на финансиите во 2011 година. Во 2017 година магистрира на истиот факултет на отсекот за Корпоративни финансии и банкраство.
Како докажан професионалец во својата област на делување, Ѓоргиевски својата професионална кариера ја гради низ годините на работни позиции и искуства во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје кои вклучуваат контролирање на различни финансиски извештаи, управување и следење на оперативни ризици, како и управување со внатрешни контроли со девет години работно искуство.
Континуирано го доусовршува своето образование и вештини со учество на обуки во земјата и странство од областа на оперативниот ризик менаџмент и внатрешните контроли.
Роден е во 1990 година.