fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ПОВИК за ЕПАЛЕ Креатори на содржини

03.1.2022 14:04:29

ЈАВЕН ПОВИК

за дополнување на базата на Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ е европска, повеќејазична заедница со отворено членство за професионалци во областа на образованието за возрасни, вклучувајќи наставници и обучувачи за возрасни лица, персонал за водство и поддршка, истражувачи и академски работници, како и креатори на политики.


Содржина на ЕПАЛЕ

За потребите на ЕПАЛЕ, формирана е база на лица кои се заинтересирани за креирање содржини-  блогови. Со оглед на тоа дека проектот има продолжено времетраење, а буџетот за оваа ставка сеуште не е исцрпен, се објавува Повик за дополнување на базата на Креатори на содржини за ЕПАЛЕ за 2021-22 година.

На Повикот можат да се пријават физички лица кои активно се занимаваат со образование на возрасни од Република Северна Македонија, вклучително и студенти, истражувачи, преставници на НВО, мрежи и институции. Истите треба да имаат активен ЕПАЛЕ профил, соодветни јазични и ИКТ вештини, како и да бидат вклучени во меѓународни мрежи и проекти во областа на образованието за возрасни. Кандидатите во рамките на пријавата задолжително треба да потенцираат во кое поле од образованието за возрасни сметаат дека имаат најголема експертиза.

НСП ќе обезбеди поддршка на избраните кандидати и ќе го следи нивното работење. Креаторите на содржини имаат право на симболичен надомест за својата работа, по завршување на истата. Креаторите на содржини ќе бидат избрани за периодот јули 2021- февруари 2022 година Повикот ќе биде објавен во текот на целата година, до исполнување на потребниот број прикачени содржини и/или до исцрпување на буџетот за оваа намена

Начин на пријавување

Ве молиме испратете мотивациско писмо заедно со ваше ЦВ во ЕВРОПАС формат (на македонски или англиски јазик) на epale@na.org.mk, со назнака: за Повик за креатори на содржини. Во рамките на мотивациското писмо задолжително наведете во која област од образованието за возрасни сметате дека можете да дадете најголем придонес.







Поврзете се

    czxczcx