fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Потпишан Меморандум за соработка со Националната агенција на Бугарија

24.3.2022 08:13:04

Кога станува збор за креирање на политики за млади, промовирање на европски вредности и програми, како Еразмус+ И Европски солидарен корпус, здружени можеме повеќе и подобро.

Во Софија се одржа третиот  состанок на четвртата Работна група за билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Бугарија која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Националната агенција на Бугарија потпишаа меморандум за соработка. Овој меморандум ќе креира платформа за соработка помеѓу двете агенции кои заеднички ќе работат на промоција на двете програми и акциски план за идни активности кои ќе се реализираат во Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Инвестицијата во младите е придобивка за сите и никој не треба да биде изоставен.







Поврзете се

    czxczcx