Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги известува сите корисници на програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус дека е потребно редовно да ги следат новите информации објавени на официјалните канали за комуникација на НАЕОПМ.
При имплементација на Програмите, корисниците задожително мора да ги почитуваат правилата кои се наведени во програмските водичи за корисници и јасно да ги знаат своите права и обврски кои произлегуваат од самите договори.
Координаторите на проектите, задолжително треба да го почитуваат договорот скучен со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за имплементација на проектите.
Доколку е потребно дополнително да се информирате или имате потреба од појаснување, контактирајте нè на е-поштата на НАЕОПМ, info@na.org.mk
Во услови на глобална пандемија, во случај на итност или друг настан кој може да влијае врз имплементацијата и квалитетот на проектот, задолжително е известување на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и постапување согласно добиениот одговор од НАЕОПМ.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ви стои на располагање за сите прашања повразани со програмите и мрежите кои ги раководи.
Водич за Еразмус+ програмата