Име на мрежата: Еврогајденс (Euroguidance)
Опис на мрежата:
Еврогајденс ја поддржува интернационализацијата на кариерното насочување и советување.
Еврогајденс е европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за насочување.
Еврогајденс центрите работат во околу 34 земји.
Цели на мрежата:
● Промовирање на европска димензија и водство
● Обезбедување на квалитетни информации за доживотно насочување и мобилност за целите на учење
Главна целна група на Еврогајденс за практичарите и креаторите на политиката се секторите од образованието и вработувањето во сите европски земји.
Во Република Северна Македонија, Национален центар за Еврогајденс е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Еврогајденс како мрежа на европско ниво е многу значајна во кариерата. Таа спроведува водство и советување за образовниот и кариерниот развој. На линкот
http://euroguidance.eu/ ќе најдете посебен портал кој е наменет само за можностите за учење http://euroguidance.eu/study-in-europe/the-portal/.
За кого е наменета:
Еврогајденс мрежата најчесто ја користат кариерните советници во средните стручни училишта, на универзитетите и во младинските невладини организии, но и секој кој сака да се занимава со кариерно насочување и советување, па дури и младите лица.
Бенефиции:
Бенефициите кои ги нуди оваа мрежа освен вмрежувањето на кариерните советници се и различни видови на обуки кои се одржуваат од провајдери или институции од цела ЕУ. Тие вклучуваат, можности за споделување на добри искуства и практики, разни алатки за кариерно советување и насочување, методи и техники за кариерно советување и насочување, правилници, прирачници, водичи и друг вид на материјали кои се однесуваат на кареирно советување и насочување, како и различни обуки и настани кои се организирани од страна на Еврогајденс центрите.
Факти и бројки за мрежата:
Во Република Северна Македонија има 75 кариерни центри, од кои 52 се сместени во средните училишта, финансирани од проект на УСАИД и имплементирани од мрежата ЈЕС (Фондација за поддршка на претприемништвото на младите) во соработка со Министерството за образование и наука во 2015 година. Целта на овие центри е да обезбедат советување и кариерни насоки, како и да им помогнат на учениците да продолжат со своето образование. Од 2017 година, 23 кариерни центри се наоѓаат во високообразовни институции / универзитети. Речиси секој јавен или приватен универзитет во Република Северна Македонија работи со кариерен центар.
Исто така, постојат невладини организации кои работат на кариерна едукација, советување и менторство преку разни видови програми за финансирање, вклучувајќи ја и Еразмус+ програмата.
Линк од официјална веб-страница на мрежата:
https://www.euroguidance.eu/
Релевантни институции за развој на образовните политики во Република Северна Македонија се Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика. Покрај тоа, Агенцијата за млади и спорт, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и Центарот за образование на возрасни, исто така, придонесуваат во прашањата на образовната политиката.
Професионална ориентација
Агенцијата за вработување им обезбедува професионална ориентација на невработените и оние што бараат нова работа, преку нивно тестирање и интервјуирање, како и информирање за потребните вештини за дополнителни можности за вработување.
Професионалната ориентација вклучува и индивидуално советување при изборот на занимање според аспирациите, интересите и способностите на личноста за одредена професија и потребите и можностите на пазарот на трудот. Професионална ориентација се дава на невработени лица, ученици и лица со посебни потреби, доколку тоа е важно за изборот на нивната професија и професионален развој.
За учениците на последната година од основното и средното образование, Агенцијата и надлежните институции од областа на образованието организираат советување во врска со изборот на професија, преку предавања организирани од научни и професионални работници, како и посети на изложби, информативни филмови, претпријатија итн.
По индивидуалното советување за избор на професија врз основа на посебните квалитети, знаења, интереси и стремеж на ученикот, агенцијата препорачува најсоодветен тип на занимање.
Активностите за професионална ориентација во центрите за вработување може да се поделат на:
1. Обезбедување информации за карактеристиките на занимањето, можностите за континуирано образование во средно и високо образование, потребните вештини за одредени занимања, можност за вработување;
2. Професионална ориентација и советување - врз основа на професионалните интереси, способности и други карактеристики на личноста;
3. Професионална селекција на кандидати за обука, преквалификација или дополнителна квалификација и помош на работодавачите при изборот на нови вработени.
Услугите за професионална ориентација се бесплатни.