Име на мрежата: ЕПАЛЕ (EPALE)
Електронска Платформа за учење на возрасните во Европа
Опис на мрежата:
ЕПАЛЕ е европска платформа наменета за професионалците во образованието за возрасните во Европа. Основана е во 2014 година од страна на Генералниот Директорат за образование, млади, спорт и култура на Европската Комисија, како резулат на предизвиците во областа на образованието на возрасните низ цела Европа, како што се: разновидност на секторот, разлики помеѓу системите за образование за возрасни, ниското ниво на соработка помеѓу земјите, финансирањето итн.
Од 2019 година, Република Северна Македонија се приклучува на европското семејство на ЕПАЛЕ мрежата. Националниот сервис за поддршка ќе функционира во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е одговорна за спроведување на активностите на национално ниво.
ЕПАЛЕ нуди пристап до голем број образoвни ресурси, стратешки документи, блогови, вести, настани и алатки за вмрежување во неколку области:
– Поддршка на ученици
– Околини за учење
– Животни вештини
– Развој на политиките во образованието за возрасните
– Добри практики и подбрување на квалитетот во работењето.
Од 2020, ЕПАЛЕ за ПРВ ПАТ добива своја поддршка на македонски јазик и кирилското писмо. Преведен е интерфејсот, но поважно од сé, македонскиот јазик за прв пат се појавува во листата на јазици во ова европско семејство, препознаен е и видлив во кирилично писмо. Тоа не е само едноставен превод, туку е и можност за интеракција на македонски јазик, нашиот јазик е препознаен, видлив и достапен во еден европски контест па и пошироко, и силно придонесува кон генералниот концепт на мултилингвализам во Платформата.
Цели на мрежата:
Платформата овозможува пристап до навремени информации поврзани со настани, размена на ресурси и добри практики преку учество во дискусиони групи, блогови и статии. Институциите можат да ја презентираат својата работа и да се приклучат во базата на инстуции со што стануваат видливи и лесно можат да бидат препознаени од други институции за вклучување во заеднички проекти.
За кого е наменета:
ЕПАЛЕ е платформа наменета за професионалците во образованието за возрасните во Европа. Опфаќа различни целни групи – наставници, професори, тренери, истражувачи, донесувачи на одлуки и сите останати кои се занимаваат, имаат или сакаат да имаат професионална улога во образованието на возрасните.
Бенефиции:
Регистрираните членови можат:
● Да иницираат и/или учествуваат во дискусии на различни теми од областа на образованието за возрасните низ цела Европа
● Да разменат идеи, ресурси и добри практики,
● Да креираат сопствен простор за соработка, кој овозможува во ограничена и затворена група да ги разгледувате идеите за тековни и/или идни проекти со потенцијални проектни партнери
● Ја промовираат својата организација/институција, активностите кои ги спроведува и резултатите кои ги постигнува на поширок круг заинтересирани лица
● Го подигнат нивото на интернационализација на работата, пронајдат партнери за идни проекти и изградат транс-национална мрежа
● Прикачат блогови, настани и ресурси.
Факти и бројки за мрежата:
Во моментот, од нашата земја има преку 560 регистрирани профили и преку 220 објавени постови на различни теми.
Линк од официјална веб-страница на мрежата:
https://epale.ec.europa.eu/mk
ЕПАЛЕ Националниот Сервис за Поддршка (ЕПАЛЕ НСП) се наоѓа во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
ЕПАЛЕ-МК НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во Македонија како и другите национални сервиси за поддршка.
Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел е да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука. Исто така, ЕПАЛЕ овозможува и отворено поле на соработка на донесувачите на одлуки во намерите на усогласување и унапредувате на стратегиите и политиките наменети за возрасните ученици на локално и национално ниво.
Со оглед на комплексноста и разновидноста на секторот на образованието на возрасните, наша цел особено ќе бидат: провајдери на образовни можности за возрасни во генералното и стручното образование и обука, истражувачки центри, вработувачи и нивни асоцијации кои организираат образование за возрасни и креаторите на политики на локално и национално ниво.
Нашите промотивни активности опфаќат регионални и национални настани, семинари, вмрежување, поддршка на креирање содржини, поттикнување на размена на добри практики, како и градење на капацитетите на ЕПАЛЕ амбасадорите и членовите на ЕПАЛЕ НСП тимот.
Во рамките на проширениот тим во ЕПАЛЕ, се вбројуваат и ЕПАЛЕ амбасадорите и креаторите на содржини. Амбасадорите ја шират информацијата за мрежата, ги идентификуваат социјалните партнери и регистрираат нови корисници на Платформата и организираат мали настани на локално ниво. Креаторите на содржини објавуваат структурирани текстови на одредени теми, кои се лесно читливи и имаат за цел да информираат и да го привлечат вниманието на читателите кон Платформата.
Дополнителни информации:
Следете не на социјалните медиуми:
Facebook: EPALE North Macedonia
https://www.facebook.com/nssepalemk