БИЛЈАНА БУТЛЕВСКА
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Наталија Кижевска
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Наталија Кижевска е родена 1971 година, во Кичево.
Своето основно и средно образование го завршува во Кичево, а потоа во 1990 година се запишува на Природно математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот математика, каде што во 1996 година се стекнува со звање Дипломиран професор по математика.
Своето професионално работно искуство го започнува 2002 година во СОУ„Мирко Милески“ Кичево, како професор по математика.
Од 2018 година своето работно искуство го продолжува во Министерството за образование и наука, каде што останува да работи до денес во Секторот за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење како помошник раководител.
Своето професионално знаење го надградува преку обуки, семинари и работилници во земјата и во странство. Дополнително, член е на неколку работни групи од областа на образованието.
Позицијата Член на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја извршува од 2018 година.
Сања Манасијевиќ-Манчева
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Сања Манасијевиќ-Манчева е родена 1976 година, во Скопје.
Своето основно и средно образование го завршува во Скопје, а потоа во 1995 година се запишува на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот општа економија – Финансии и банкарство, каде што во 1999 година се стекнува со звање Дипломиран Економист. Понатаму, во 2016 година се стекнува со звање магистер на економски науки од истиот факултет.
Своето професионално работно искуство го започнува во приватниот сектор каде стекнува искуство во областа на финансиското планирање, финансиските анализи и управувањето со приходи.
Од 2006 година своето работно искуство го продолжува во Министерството за финансии, каде што останува да работи до денес во Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг.
Своето професионално знаење го надградува преку обуки, семинари и работилници во земјата и во странство. Исто така, на покана на Економскиот факултет Скопје и на универзитетот Американ колеџ е гостин-предавач на теми поврзани со управувањето на јавниот долг. Понатаму, активен член е на стручниот тим којшто ги води подготовките за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и како член на поглавјето за економска и монетарна политика е надлежна за презентација и имплементација на целите и мерките од областа на управувањето со јавниот долг и односите со меѓународните финансиски институции на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Поткомитет за економско-финансиски прашања и статистика. Дополнително, член е на неколку работни групи од областа на статистиката, како и работни групи од областа на управување со јавните финансии.
Позицијата Претседател на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја извршува од 2017 година.
Теута Даши Муртези
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Теута Даши Муртези е родена 1983 година, во Скопје.
Основното и средното образование го завршува во подрачјето на град Скопје исто како и високото образование кое го завршува при Универзитетoт ,,Св.Кирил и Методиј’’, Скопје на Филозовскиот факултет- отсек Социјална политика и социјална работа и во 2007 се стекнува со стручно звање Дипломиран социјален работник.
Своето прво искуство го започнува во 2006 година, како анкетар во невладини организации, а потоа и како супервизор во BRIMA GALLUP. Своето искуство во професионалниот дел го започна во 2007 година во Министерство за образование и наука, каде што актуално е во работен однос и сега. Работните обврски ги извршува како државен советник во Секторот за наука и иновации, на работно место советник за проекти во науката, иновациите и бази на податоци во науката.
Своето професионално знаење и развој го надрадува со различни обуки, курсеви, работилници, семинари.
Во својство на позицијата Член на Управен Одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е од 2018 година.
Д-р сц. Томислав Андоновски
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Д-р сц. Томислав Андоновски, Дипломирал на факултетите, Филолошкиот факултет и Факултетот за физичка култура, Магистрирал и Докторирал на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. За член на УО на Националната агеција е именуван во август 2017 год.
Во својата професионлана кариера работел: 1983 – Генерален секретар на Атлетскиот сојуз на Македонија; 1985 – 1999 Министерство за образование и физичка култура, Советник, Виш самостоен советник, советник на министертот, помошник на министерот; 1999 – 2000, Министертво за млади и спорт,2001 – 2021, Агенција за млади и спорт, раководител на одделение за локален, национален и меѓународен спорт, раководител на сектор спорт и 2014 – 2021. Раководител и основач на Институтот за научна поддршка на спортот – Факултет за физичко образование, спорт и здравје во перидот 2014 до 2021 година.
Во периодот 1985 до 2020 година, раководел и учествувал во комисии и работни групи за подготовка на закони од општествените дејности (спорт, образование, култура, спречување на насилство на спортските терени, објекти, анти допинг и други системски закони, програми, анализи и др. кои влијаат врз развојот на спортот). Бил предавач и модератор на бројни семинари и советувања од областа на спортот, управување со спортски системи, национално и меѓународноо спортско право, финансирање, управување, користење и одржавање на објекти за спорт, децентрализација, фискална децентрализација на спортот и др.
Во перидот од 1993 – 2019 година, како претставник на Република Северна Македонија, во Советот на Европа, учествувал во креирање на програми, активности за развој и поддршка на спортот во земјите од Југоисточна Европа. Раководел, учествувал, креирал, предавал на повеќе семинари поддржувани од Советот на Европа, организирани во земјите на Југоисточна Европа, посветени на транзицијата во спортот во нови општествено-политички услови, Учествувал на Конференциите на министрите за спорт на земјите од Европа, одржани во Никозија, Варшава, Будимпешта, Тбилиси: Како член на делегациите од Република Македонија ја претставувал Република Македонија, како шеф на делегација или нејзин член на конференции на експертите за спорт од земјите на Балканот, одржувани во Софија, Тирана, Белград, Атина, Букурешт, Пловдив, Скопје, Нови Сад и др. Бил Раководител на делегациите од Република Македонија на средбите на експертите за спорт од земјите на Југосточна Европа, Солун, Атина, Истанбул, Тирана, Анкара, Букурешт, Белград, Москва, Загреб, Љубљана и др. посветени на развојот и модернизација на регионалниот спортски систем и соработка, Во периодот 2017 – 2021 член на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.
Бил активен спортист во АК„ Работнички“ и член на нациоаналната репрезентација во спринтерските дисциплини. Тренер на повеќе врвни спортисти, рекордери на нашата земја. Тренер за физичка подготовка и освојувач на национални првенства, куп и меѓународни натпревари со КК „Работнички„ КК МЗТ Скопје, КК Вардар И КК Ниоколфе во перидот 1988 до 2020 год..
Автор е на повеќе од 60 стручни и научни трудови од областа на спортот, стратешки планирања, децентрализација, управување со спортски системи, тренинг и тренажен процес, планрање на спортска форма и др.