Интернет страната na.org.mk користи т.н. колачиња (cookies) кои се неопходни за непречена работа на веб страницата.
Исто така, покрај неопходните колачиња би сакале да примениме и аналитички колачиња и колачиња за маркетинг, за кои ни е потребна Ваша согласност. Согласноста можете да ја дадете одвоено за посебна намена или пак за сите одеднаш.
Со одбирање на полето „се согласувам“ Вие ја давате Вашата согласност за сите видови на колачиња: неопходни, аналитички и колачиња за маркетинг. Со одбирање на полето „не се согласувам“ Вие не се согласувате со користење на аналитички колачиња и колачиња за маркетинг.
Аналитички
Аналитичките колачиња овозможуваат следење и анализирање на активностите на корисникот на веб страницата за подобување на функционалноста на веб страницата, односно на нашите услуги. За анализа се употребуваат алатки на Google Analytics.
Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)
Пријавете се на нашиот newsletter за да добивате информации за новости и акциски понуди.
Ова поле е задолжително.
Се согласувам дека Националната агенција за европски образовни програми ги користи моите лични податоци од оваа форма за директен маркетинг (информирање за новости и специјални понуди) преку е-пошта.
Податоците ќе бидат обработени во согласност со важечките закони со кои се регулира заштитата на личните податоци. Можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време. Повеќе информации се достапни
тука
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е Јавна Институција која е формирана со Закон донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Северна Македонија.
Националната агенција со остварување на овие програми придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.
Корисници на програмите можат да бидат: ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела како и здруженија на граѓани и фондации.
Поранешните европски програми “Доживотно Учење” и “Млади во Акција” во Република Северна Македонија беа имплементирани од страна на Националната агенција во периодот од 2008 – 2013 година, а од 2014 година активностите од акциите во рамките на овие програми преминуваат во новата програма Еразмус +.
Еразмус + е името на новата програма која ги обединува ЕУ програмите за образование, обука, млaди и спорт во периодот 2014-2020.
СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА РАБОТА ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2023 година