Врз основа на Решение бр 25-633/2 од 20.10.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност („Национална агенција“), ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на графички дизајнер за изработка
на визуелни решенија за проектните резултати во ЕПАЛЕ
ЕПАЛЕ (ЕПАЛЕ, Националниот сервис за поддршка) со која управува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Националната агенција), објавува јавен повик за графички дизајнер за изработка на визуелни решенија за проектните резултати за ЕПАЛЕ. Дизајните треба да бидат технички подготовени за дигитална употреба и задолжително ќе бидат усогласени со визуелниот идентитет и насоките на ЕПАЛЕ и програмата Еразмус+.
Дизајнерот ќе треба да изработи решенија за следните резултати:
Избраниот кандидат ќе има обврска да предложи предлог-дизајн врз основа на претходно изготвен текст. Дизајнерот задолжително ќе работи според насоките на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка, како и Водичот за Визуелен идентитет во ЕПАЛЕ. Изработениот предлог-дизајн е предмет на одобрување од страна на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.
Право за аплицирање на овој повик имаат физички лица кои се занимаваат со графички дизајн, обработка на текстови и подготовка на дигитални верзии на документите спремни за објавување кои ги исполнуваат следните услови:
Дизајнерот ќе биде ангажиран во периодот од октомври-декември 2026 година со договор во кој ќе се уредат детално правата и обврските во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.
Потребна документација:
Кандидатите кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:
Начин на аплицирање:
Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта: epale@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за EPALE дизајнер, со краен рок на аплицирање до 05.11.2026 година.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор за ангажирање на графички дизајнер за изработка на визуелни решенија за проектните резултати во ЕПАЛЕ и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.