fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Контакт семинар на тема “Партнерства од мал обем за специјални училишта за лица со попреченост”

26.7.2022 13:48:09

Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 24-927/2 од 26.07.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за 2 учесника на контакт семинар во Бриж, Белгија на тема:

Јавен повик за учество на контакт семинар:
Партнерства од мал обем за специјални училишта за лица со попреченост

14 – 17 ноември 2022 година, Бриж, Белгија


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Белгија, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на контакт семинарот Партнерства од мал обем за специјални училишта за лица со попреченост Овој контакт семинар е меѓусекторски за училишно и стручно образование, за потенцијални апликанти на партнерства од мал обем како претставници на специјални училишта за лица со попреченост (предосновно, основно и средно образование) и стручно образование со добро познавање на англиски јазик.

Целта на овој контакт семинар е да им обезбеди на претставниците на специјалните училиштата за лица со попреченост можност да соберат сознанија за предизвиците и потребите во специјалното образование во Европа и да споделат експертиза, знаење и добри практики со учесниците со цел да воспостават мали партнерства за соработка во акцијата 2 (КА2)

Очекуваните резултати од контакт семинарот се да се развијат вештините на учесниците за работа со деца и ученици со посебни потреби, да обезбедат простор за учесниците да ги споделат своите искуства, да се развие знаењето на учесниците за можностите што им се нудат од програмата Еразмус+ во областа на образованието за лица со посебни потреби ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ: Контакт семинарот ќе се реализира во периодот од 14 – 17 ноември 2022 година (14-ти ноември е ден на пристигнување, 17-ти ноември е ден на заминување) Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.

Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест) Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Бриж, Белгија во периодот од 14-17 ноември 2022 година. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 08.08.2022 година до 12 часот на пладне.

Форма за аплицирање: TCA Education and Training - Application form - Contact seminar - small scale partnerships for special needs schools (google.com)







Поврзете се

    czxczcx