fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Повик за финансирање на предлог проекти за мобилност на млади преку програмата Еразмус+

29.8.2022 12:54:58

Инклузивна акција Истражи ја Европа” (DiscoverEU inclusion action)

Краен рок на аплицирање : 4 октомври 2022 година

Оваа активност е наменета за млади лица на возраст од 18 години (не помлади или постари од 18 години) кои на еднаква основа со нивните врсници од другите држави во Европа имаат можност да реализираат краткорочно индивидуално или групно искуство, преку патување низ Европа со железница или други начини на транспорт.

Организациите и неформалните групи на млади луѓе и поединечно млади луѓе имаат можност да добијат финансиска поддршка за реализација на проекти во рамките на кои младите луѓе со помалку можности имаат можност да учествуваат во “Истражи ја Европа инклузивна акција” (DiscoverEU).

Цели на “Истражи ја Европа инклузивна акција “:

  • Да се овозможи на младите луѓе да ја запознаат и истражат Европа, да ги откријат можностите во Европа поврзани за нивната иднина, образование и живеење;
  • Да овозможи младите да се стекнат со нови знаења, животни вештини и компетенции;
  • Поттикнување на поврзување и меѓукултурен дијалог меѓу младите;
  • Да се поттикне чувството на припадност на младите во Европската унија;
  • Да ги инспирира младите луѓе да го прифатат одржливото патување и еколошката свест.

Специфични цели на акцијата

Инклузивната акција во рамките на Истражи ја Европадава  посебна димензија на вклучување младите со помалку можности преку обезбедување на дополнителна поддршка за овие млади кои имаат желба да ја истражат Европа.

Поконкретно, инклузивната акција “Истражи ја Европа” има за цел:

  • Да ги таргетира младите луѓе со помалку можности кои без финансиска поддршка од оваа акција  немаат можност да реализираат интернационални активности за запознавање на Европа;
  • Да ги надмине пречките што ги спречуваат овие млади луѓе директно да учествуваат на повикот за апликации и да се обезбеди потребната поддршка што им е потребна за да можат да патуваат;
  • Да се ​​активира и да се поттикне развојот на компетенциите и вештините на младите луѓе со помалку можности преку учество во инклузивната акција Истражи ја Европа”.

Вклученост и различност

Програмата Еразмус+ се стреми да промовира еднакви можности и пристап, вклученост и правичност во сите нејзини активности. Поагајќи од ова организациите треба да посветат внимание при креирање на проектините активности кои треба да бидат достапни и инклузивни и секако ќе ги земат предвид ставовите на учесниците со помалку можности и нивно вклучување во процесот на одлучување.

Инклузивната акција “Истражи ја Европа” е особено погодна за вклучување на млади луѓе со помалку можности каде што им нуди:

  • Да го ​​доживеат патувањето сами како индивидуа;
  • Меѓународно искуство на мобилност во безбедна група;
  • Младите луѓе со помалку можности добиваат можност да реализираат активност/ патување сами индивидуално или во група.

Истовремено, оваа акција е многу погодна за активности кои имаат за цел: инклузија, прифаќање на различностите, поддршка и борба  против стереотипи, поттикнување на меѓусебно  разбирање, толеранција и недискриминација.

Заштита и безбедност на учесниците

Инклузивната акција Истражи ја Европа” (DiscoverEU) може да вклучи водач(и), фасилитатор(и), придружни лица кои можат да обезбедат поддршка за учесниците со цел да се обезбеди квалитативен процес на учење за време на патувањето. 

Одржливост на животната средина

Активностите во акцијата Истражи ја Европа” треба да промовираат еколошки одржливо и одговорно однесување помеѓу учесниците, подигајќи ја нивната свест за важноста на индивидуалното дејствување и за еколошкиот дух на активностите за мобилноста.

Инклузивната акција Истражи ја Европа” (DiscoverEU) треба да биде дизајнирана и имплементирана со еколошка свест, на пр. интегрирање на одржливи практики како што се одлучување за повеќекратно употребливи или еколошки материјали, намалување на отпадот и рециклирање, избирање за еколошко одржливи превозни средства.

ОПШТИ КРИТЕРИУМИ

Кој може да аплицира?

  • Непрофитна организација, здружение на граѓани, јавно тело на локално, регионално, национално ниво; социјално претпријатие; профитно тело активно во социјално корпоративната сфера;
  • Неформална група на млади луѓе - Група од најмалку четири млади луѓе на возраст од 18 до 30 години. Еден од членовите на групата ја презема улогата на претставник и презема одговорност во име на групата.  

Број на организации учеснички:

  • Минимум една организација.

Времетраење на проект:

  • од 3 до 18 месеци.

Каде да се аплицира?

  • До Националната агенција на земјата во која е основана организацијата апликант. Апликантите од Република Северна Македонија ја поднесуваат електронски апликацијата до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Рок за аплицирање ?

  • 4 октомври во 12:00 часот 2022 година (пладне по бриселско време) за проекти кои започнуваат помеѓу 1 март и 31 август следната година (2023 година).

Анекси:

  • Декларација на чест мора да биде прикачена кога се аплицира.

ДОПОЛНИТЕЛНИ КРИТЕРИУМИ за инклузивната акција “Истражи ја Европа

Времетраење на Истражи ја Европапропусница:

  • Од 1 до 30 дена.
  • Организацијата може да организира неколку патувања во рамките на еден проект “Истражи ја Европа инклузивна акција “ (со 1-5 учесници и  придружно(и) лице(а) во рамките на секое патување на проектот).

Место на одржување:

  • Патувањата мора да се одвиваат во минимум една земја различна од местото каде што учесникот(ите) го започнува(ат) своето патување.

Број на организации:

  • Мора да биде вклучена минимум една организација-учесничка.

Подобни учесници:

  • Млади со помалку можности на возраст од 18 година и млади кои се жители во државата каде делува организацијата која ги испраќа;
  • Групен лидер, олеснувач или придружно лице - мора да има најмалку 18 години (лидер на групата е возрасен човек кој им се придружува на младите за да обезбеди нивно ефективно учење, заштита и безбедност).


Број на учесници и составот на национални групи

  • Минимум 1 и максимум 5 учесници по патување (водачи на групи, олеснувачи и придружните лица не се вклучени во вкупниот број на учесници, т.е. во еден проект може да има 5 учесници млади лица на 18 години и дополнително 1 лице лидер и 1 придружно лице за младо лице со посебни потреби кое е учесник);
  • Групите можат да патуваат сами или можат да бидат придружувани.

Финансирање:

Покрај трошоците за патен билет (патни трошоци) во рамките на инклузивната акција Истражи ја Европана учесниците (младите луѓе на 18 години) и придружни лица достапна е дополнителна финансиска поддршка за:

  • Патни трошоци /авио билет доколку е применливо , повеќе детали во Водичот на програмата/;
  • Организациска поддршка;
  • Индивидуална поддршка;
  • Поддршка за инклузија;
  • Вонредни трошоци.

Детални финансиски правила за доделување грантови се опишани во Програмскиот водич - Правила за финансирање.

Сите активни формулари за апликација се достапни тука

Апликантот треба да се погрижи да ја користи точната електронска форма за конкретната дејност и кон неа да ги приложи сите потребни документи.

Потребни документи за аплицирање на профилот на организацијата во електронскиот портал за апликации:

  • Тековна финансиска идентификација;
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  • Судска одлука или друг основачки акт на организацијата;
  • Декларација на чест потпишана од Законски застапник на организацијата.

Важно:

  • Сите апликанти треба детално да се запознаат со Програмскиот водич „Еразмус+“, кој ги содржи сите потребни информации за правилата на Програмата, понудените можности за финансирање, подобните активности, учесниците, роковите и документите, како и чекорите за аплицирање на следниот à линк


Организациите кои веќе имаат регистрација и OID не се регистрираат повторно. Постојното корисничко име и лозинка треба да се чуваат како што се ќе се користат во следните години од Програмата.

  • Водич за работа со ЕU Login системот може да се најдете à тука
  • Дополнителни документи поврзани со апликацијата, како што се прирачници, упатства и други може да се најдат à тука (ctrl + клик) и à тука

Критериуми на оценување:

  • Релевантност, образложение и влијание à максимален број на поени – 40
  • Квалитет на проектниот дизајн à максимален број на поени – 40
  • Квалитет на управување со проекти à максимален број на поени – 20

По завршување на постапката за оцена на квалитетот, Националната агенција подготвува ранг листа на апликации кои ќе добијат средства, врз основа на рангирање од број на бодови, како резултат на проценката и расположливиот буџет на Агенцијата доделен од Европска комисија.

Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од изборот до 6 (шест) месеци од крајниот рок за доставување на формулари за аплицирање.

Организациите /апликантите чии апликации се одобрени за финансирање ќе бидат поканети за потпишување договор.

Во рок од 30 календарски дена по објавувањето на резултатите од селекцијата, кандидатите можат да поднесат жалба.  

Жалби поднесени надвор од оваа временска рамка, нема да се разгледуваат.







Поврзете се

    czxczcx