Традиционално од 13-15 октомври 2022 година, на европско ниво се организираат Еразмус+ деновите кои служат за промоција на програмата Еразмус+.
Вклучете се во Еразмус+ деновите со промоција на вашите проекти и активности на локално, национално и на европско ниво на следниот начин:
- Организирајте ваш настан за одбележување на Еразмус+ деновите (13/14/15 октомври 2022 година) од следниот формат: филмска проекција, панел дискусија, презентација на проект, тркалезна маса, состанок, изложба, онлајн конференција, вебинар, сведоштва (testimonials) од учесници или друг настан по ваша желба кој би имал добар импакт;
- Вашиот настан пријавете го на Европската платформа за Еразмус+ денови https://www.erasmusdays.eu/organize-event/
- Споделувајте фотографии и/или видеа од настаните кои ќе ги организирате преку вашите комуникациски канали и профили на социјалните мрежи, означување на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
(Facebook: @Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Instagram: @nacionalna.agencija) и наведување на ознаката #ErasmusDays.
Заедно да ги прославиме Еразмус+ деновите 2022 година и да создадеме повеќе можности за сите!