fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

ИНКЛУЗИЈА И РАЗНОЛИКОСТ ВО ERASMUS+

23.11.2026 13:59:34
ERASMUS+ | ИНКЛУЗИЈА И РАЗНОЛИКОСТ
ERASMUS+ | ИНФОРМАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ИНКЛУЗИЈА И РАЗНОЛИКОСТ
ИНКЛУЗИЈА И РАЗНОЛИКОСТ ВО ERASMUS+
Лица со помалку можности и потенцијални бариери за учество
Erasmus+ има за цел да промовира еднакви можности и пристап, инклузија, разновидност и 
правичност во сите свои активности. Организациите треба да ги осмислуваат проектите и активностите
така што тие ќе бидат достапни за разновиден круг учесници.
Кои се лицата со помалку можности?
Тоа се лица кои, поради економски, социјални, културни, географски или здравствени 
причини, поради мигрантско потекло, попреченост, тешкотии во образованието или друга 
причина, вклучително и причина што може да доведе до дискриминација согласно член 21 од
Повелбата за основните права на Европската Унија, се соочуваат со пречки што го 
ограничуваат нивниот ефективен пристап до можностите што ги нуди Програмата.
Важно: Припадноста на одредена група сама по себе не значи автоматски дека лицето има помалку 
можности. Клучно е дали конкретните околности создаваат реални пречки за ефективно учество. 
Потребите се разгледуваат во контекст и, кога е соодветно, во консултација со самото лице.
Потенцијални бариери за учество
Следнава листа не е исцрпна. Бариерите може да влијаат врз учеството самостојно или во комбинација,
а нивното значење зависи од конкретниот контекст.
1. Попреченост. Физичките, менталните, интелектуалните или сетилните попречености, во 
интеракција со различни бариери во опкружувањето, може да го попречат целосното и ефективно 
учество на лицето под еднакви услови со другите.
2. Здравствени проблеми. Тешки заболувања, хронични болести или други физички и ментални 
здравствени состојби може да го попречат учеството во активностите на Програмата.
3. Бариери поврзани со системите за образование и обука. Тешкотии во образовниот процес, 
предвремено напуштање на образованието, недоволна вклученост во образование, вработување или 
обука (NEET), како и ниско ниво на квалификации може да создадат пречки. Бариери може да 
произлезат и од структурни ограничувања на образовниот систем или од структурата на студиските 
програми и наставните планови, кога тие го отежнуваат учеството во мобилност.
4. Културни разлики. Јазичните и културните разлики може да го отежнат пристапот и учењето, 
особено кај лица со мигрантско или бегалско потекло, припадници на национални или етнички 
малцинства, корисници на знаковен јазик и лица на кои им е потребна поддршка за јазично 
приспособување и културна интеграција.
ERASMUS+ | ИНКЛУЗИЈА И РАЗНОЛИКОСТ
ERASMUS+ | ИНФОРМАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ИНКЛУЗИЈА И РАЗНОЛИКОСТ
5. Социјални бариери. Тешкотиите во социјалното приспособување, ограничените социјални 
компетенции, социјалната маргинализација и одредени семејни или животни околности може да го 
отежнат учеството.
6. Економски бариери. Ниски приходи и животен стандард, сиромаштија, финансиска задолженост, 
долготрајна невработеност, несигурна материјална состојба или потреба лицето да работи за 
сопствено издржување може да претставуваат пречка. Бариери може да произлезат и од ограничената
достапност или преносливост на услугите за поддршка за време на престој во странство.
7. Бариери поврзани со дискриминација. Дискриминацијата врз основа на род, возраст, етничка 
припадност, религија, уверувања, сексуална ориентација или попреченост, како и комбинацијата на 
повеќе основи на дискриминација (интерсекциски фактори), може да го ограничи пристапот и 
учеството.
8. Географски бариери. Живеењето во оддалечени или рурални подрачја, на мали острови, во 
периферни или најоддалечени региони, предградија или места со недоволно развиена инфраструктура 
и ограничен јавен превоз може да го отежне пристапот до информации, услуги и можности за учество.
Разновидност
Разновидноста ги опфаќа разликите меѓу луѓето во однос на нивното потекло, јазик, култура, 
способности, попреченост, образование, социјална и економска состојба, здравствена состојба и други 
лични околности. Инклузивниот пристап ги препознава и вреднува овие разлики и настојува тие да не 
бидат причина за исклучување или ограничување на учеството.
Практична насока
При планирањето и спроведувањето на Erasmus+ проектите, организациите треба да ги препознаваат 
можните пречки и да размислуваат како тие можат да се намалат или отстранат. Тоа вклучува 
пристапно информирање, соодветни постапки за избор, навремено утврдување на потребите и 
поддршка пред, за време и по активноста.
Извори и напомена
Материјалот е подготвен како превод и редакциска адаптација на релевантните делови од 
официјалните документи на Европската комисија:
1. Implementation guidelines – Erasmus+ and European Solidarity Corps Inclusion and Diversity Strategy
2. Erasmus+ Programme Guide 2026 – Part A, Priorities of the Erasmus+ Programme (Inclusion and Diversity)
Напомена: Овој текст претставува информативен превод и адаптација, а не официјален превод или 
публикација на Европската комисија. Листата на бариери е индикативна и неисцрпна. При 
спроведување на конкретна активност се применуваат важечкиот Програмски водич и правилата на 
соодветната акција.






Поврзете се

    czxczcx