fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за избор на 4 (четири) амбасадори за еТвининг акциjaта

26.9.2022 07:53:39

Врз основа на Решение  бр.20-1124/2 од 19.09.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

    за избор на 4(четири) амбасадори за еТвининг акциjaта

Согласно усвоениот еТвининг план за активности за 2022-2024г, потребно е Националната агенција за европски образовни програми да пристапи кон избор на 4 (четири) амбасадори со мандат кој ќе трае до крајот на двегодишниот акциски план.

Кој може да аплицира?

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:

- Да се вработени во основно, средно училиште или градинка во Република Северна Македонија 

- Да се поседуваат најмалку една еТвининг ознака за квалитет

- Да поседуваат најмалку еден сертификат за професионален развој во еТвининг платформата

- Да користат ИКТ алатки, неопходни за работа во еТвининг порталот 

- Да имаат развиено организациски, комуникациски и презентациски способности.

При изборот на амбасадори, ќе се земе во предвид искуството на кандидатите како и да застапуваат различни образовни институции и различни региони низ земјава.

Задачи на амбасадорите

 1. Претставување и промовирање на еТвининг активностите во склоп на Еразмус+ програмата

- Амбасадорот во текот на договорниот период e должен да  организира месечно  по еден онлајн настан, (со исклучок на месец јули и август) на теми кои се приоритет за еТвининг и Еразмус+ програмата со најмалку 15 учесници.

- Темата  треба да е  секој месец различна и да е поврзана со годишната тема на еТвининг и  приоритетите на Еразмус+ програмата: Нашата иднина убава, одржлива, заедничка:училиштата и новиот европски Бахаус Медиумска писменост и дезинформацја, инклузија, дигитална трансфотмација- ИКТ, екологија, демократско општество и европски вредности, вклучително и теми надвор од приоритетите, но сепак се силно поврзани со еТвиниг и Еразмус+ програмата. Темата ќе биде во договор со еТвининг координаторот

2) Организирање на информативeн ден

- Амбасадорот во текот на договорниот период e должен да  организира месечно  по еден информативен ден (онлајн или онсајт, со исклучок а месец јули и август) со најмалку 15 учесници;

- Целта на информативниот ден е зголемување на бројот на корисници на платформата, запознавање на воспитувачите, наставниците, професорите, директорите и локалната заедница со еТвининг платформата и можностите кои таа ги нуди.

3) Учество во иницијативни од страна на Централен сервис за поддршка (ЦСС)

Амабасадорот во текот на договорениот период е должен да учествува во работни групи и иницијативи организирани од страна на ЦСС, кои би се одржале онлајн или онсајт.

Финансиска надокнада?

НАЕОПМ ќе им доделува финансиска надокнада на ангажираните амбасадори во износ од 2000,00 ден од тематски настан и по 1000,00 ден од инфо настан.

Оддржување на онлајн настаните

Настаните ќе се оддржуваат на Македонски јазик во eTwinning Live платформата или друга платформа во договор со еТвининг координаторот.По секој оддржан настан,  потребно е  амбасадорот да достави листа за присуство, снимка и фотографија од настанот на е-маил до еТвининг координаторот и истите да ги чува за себе, како доказ дека ги оддржал.

Во текот на планираните активности, важно и неопходно е амбасадорите да соработуваат со еТвининг координаторот за да добијат согласност  од него за своите активности.

Начин и рок за аплицирање?

Аплицирањето ќе биде по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 30.09.2022 година 16:00 часот. Избраните еТвининг амбасадори ќе бидат ангажирани за мандат кој ќе трае до крајот на двегодишниот акциски план, започнувајќи од 01.10.2022г и за кој ќе потпишат договор со НА.

Кандидатите е потребно да достават на е-меил:

  • еТвининг портфолио
  • свои податоци: име и презиме, телефонски број, негов е-меил, име на училиште и адреса на живеење
  • сертификат од еТвининг настан за професионален развој
  • сертификат од завршен еТвининг проект







Поврзете се

    czxczcx