Врз основа на Решение за 25-825/2, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ истражувач/ка
за задоволство на корисниците на македонската верзија на платформата
По неколку годишно спроведување на ЕПАЛЕ, a oд 2019 година и на македонски јазик, ЕПАЛЕ сака да го измери искуството кое корисниците го стекнуваат при користењето на платформата, нејзините функионалности и можности за соработка. За таа цел, објавуваме јавен повик за лице/истражувач кое ќе ни помогне во дизајнирањето на поквалитетни можности за корисниците на Платформата.
Истражувањето е замислено да биде спроведено во 2 последователни години врз основа на ист прашалник и со иста целна група, со цел да се следат евентуалните подобрувања во работатата на платформата. За таа цел, ангажманот на истражувач/ката ќе биде спроведен во 2 фази и ќе се состои од:
Прва фаза (октомври-ноември 2023 година)
• Подготовка на концепт за прашалник кој ќе биде доставен до корисниците на ЕПАЛЕ од Република Северна Македонија,
• Сумирање на резултатите од пристигнатите прашалници,
• Подготовка на анализа за главните трендови со препораки за подобрување
• Подготовка на кратка презентација за главните поенти и трендови од истражувањето.
Втора фаза (октомври-ноември 2024 година)
• Сумирање на резултатите од пристигнатите прашалници од година 2024,
• Подготовка на анализа за главните трендови со препораки за подобрување,
• Подготовка на кратка презентација за главните поенти и трендови од истражувањето,
• Доколку биде побарано од Националниот ЕПАЛЕ сервис за поддршка истражувачот ги презентира наодите на најмалку 1 настан.
На повикот можат да се пријават лица кои се занимаваат со образование на возрасни и/или истражување од Република Северна Македонија. Покрај тоа, кандидатот/ката треба да:
• Има познавања од главните текови во политиките на образование за возрасни во земјата,
• Запознаен/а е со ЕПАЛЕ и можностите кои таа ги нуди,
• Има искуство во најмалку 2 слични истражувања и анализи,
• Зборува течно англиски и може да користи терминологија поврзана со образованието на возрасни.
Истражувачот/ката ќе биде ангажиран/а најмногу до 15 работни денови во зависност од обемот на работа. За ангажманот ќе биде склучен договор и исплатен надомест за спроведеното во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка. Истражувачот/ката ќе работи во тесна врска со ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.
Потребна документација:
• Кратка биографија, пожелно во Европас формат. Ве молиме концентрирајте се на искуството кое е поврзано со темата на огласот,
• Кратко мотивациско писмо кое го сумира вашето искуство во истражувачки активности, образование за возрасни и познавање на англиски јазик,
• Други дополнителни документи во поддршка на квалитетот на пријавата.
Начин на аплицирање:
Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта Ljupka.kjurkchieva@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за истражувач, со краен рок на аплицирање до 15.09.2023 година, до 16.00 часот.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на истражувач/ка на задоволство на корисниците на македонската верзија на платформата и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.