12-14 октомври 2023 година – Скопје
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира национална активност за обука и соработка во областа на образованието и обука во полето на стручно и училишно образование.
Националната агенција согласно горенаведеното објавува Јавен повик за избор на 40 учесници на настанот “Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус+, обуки, интерактивни работилници, унапредување на вештини од различни региони во Република Северна Македонија – развивање на инклузивни и зелени политики согласно Еразмус+ приоритетите”.
Настанот има за цел да ги обучи учесниците со знаење и вештини за потенцијално учество во програмата Еразмус+, како и сите релевантни административни процеси и предизвици.
Да им понуди соодветно знаење и насоки кои ќе поттикнат поголемо вклучување на инклузијата и различноста во Еразмус+ проектите, но и развивање на активности поврзани со зелената агенда и одржливоста, кои воедно се и едни од главните приоритети на Еразмус+ програмата 2021-2027 година.
ЦЕЛИ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД НАСТАНОТ:
1. Зголемување на капацитетите за аплицирање во програмата Еразмус+.
2. Зголемување на капацитетите на учесниците за подобрување на инклузијата и различноста во нивните проектни апликации како приоритет во програмата Еразмус+,
3. Воспоставување на заедничко разбирање и соработка со оние кои може да се сметаат за луѓе со помалку можности и поставување на рамка за нивно вклучување во програмата,
3. Развивање едукативни активности и материјали за корисниците со цел да се пренесат начини за вклучување на учесниците со помалку можности во програмските активности,
4. Промовирање на примери на добри практики поврзани со проекти кои поттикнуваат инклузија и различност преку директно вклучување на учесници со помалку можности и/или фокусирање на темата за вклучување и различност,
5. Промовирање на примери на добри практики поврзани со проекти кои се фокусираат на зелена агенда и одржливост во време на големи предизвици поврзани со заштита на животната средина.
6. Можности за вмрежување на учесниците за долгорочна заедничка соработка
ЦЕЛНИ ГРУПИ:
Право на аплицирање имаат физички лица од основното и/или средно училишно и/или стручно образование (наставници, координатори на проекти или меѓународна соработка во училишта, директори на училишта) кои се потенцијални корисници на програмата Еразмус+, соодветно подготвени да ја подигнат свеста за приоритетите на програмата Еразмус+ инклузија и различност, зелена агенда и одржливост.
Да промовираат и да го зголемат учеството на лицата со помалку можности во рамките на нивните училишта и да промовираат и вклучуваат активности кои носат заштита и унапредување на животната средина.
Приоритет ќе имаат апликациите на лица кои се без или со помало искуство во програмата Еразмус+.
КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 28 Септември 2023 година.
Апликацијата се поднесува на следниот линк:
Формулар за аплицирање (google.com)
Забелешка: Организаторот (домаќинот) на настанот ќе ги известува со сите дополнителни информации само избраните учесници.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Обезбедено од страна на организаторот ќе биде следново:
Организациски трошоци (сместување во двокреветни соби во хотел во Скопје - 2 ноќевања, оброци),
Општи мерки за спречување на корупцијата:
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 40 учесници на активност за обука и соработка “Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус+, обуки, интерактивни работилници, унапредување на вештини од различни региони во Република Северна Македонија – развивање на инклузивни и зелени политики согласно Еразмус+ приоритетите“ и при извршување на истата, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.