Врз основа на Решение за објавување на Јавен повик бр. 18-1236/2 од 05.12.2023 година, Националната агенција објавува Повик за предлог-проекти за 2024 година на Европската Комисија за програмата Еразмус+
Службен весник на Европската Унија EN Series C |
C/2023/1262 | 28.11.2023 година |
Повик за предлог-проекти 2024 година - EAC/A07/2023
Програма Еразмус+
(C/2023/1262)
Овој повик за предлог-проекти се заснова на Регулативата (ЕУ) 2021/817 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување Еразмус+: Програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1) (во натамошниот текст „Регулатива за Еразмус+“ ) како и на Годишната програма за работа на Еразмус+ за 2024 година (C(2023) 6157). Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на Програмата Еразмус+ се наведени во член 3 од Регулативата Еразмус+.
Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следните акции од Програмата Еразмус+:
Kлучна Aкција 1 (KA1) – Мобилност за учење на поединци:
| |||||||||||||||||||||||
KлучнаAкција2 (KA2) – Соработка меѓу организации и институции
| |||||||||||||||||||||||
KлучнаAкција3 (KA3) – Поддршка за развој на политиките и соработката
| |||||||||||||||||||||||
Жан МонеАкции:
|
Секое јавно или приватно тело активно на полето на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за финансирање во рамките на програмата Еразмус+. Дополнително, групи млади луѓе кои се активни во младинската работа, но не нужно во контекст на младинска организација, може да аплицираат за финансирање мобилности за учење на млади луѓе и младински работници, активности за младинско учество и DiscoverEU акцијата за инклузија.
Следниве земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+ (2):
— | 27-те земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји и територии; | |||||||||
— | трети земји поврзани со Програмата;
|
Дополнително, одредени акции на Програмата Еразмус+ се отворени за организации од трети земји кои не се поврзани со Програмата.
Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за 2024 година за повеќе детали за начините на учество.
Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог-проекти се проценува на 3.681,76 милиони евра:
Образование и обука: | EUR | 3.256,61 милиони |
Млади: | EUR | 336,28 милиони |
Спорт: | EUR | 63,12 милиони |
Жан Моне: | EUR | 25,75 милиони |
Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти, како и неговата повторна распределба е наведен во Годишната програма за работа на Еразмус+ за 2024 година, усвоена на 18 септември 2023 година, и може да биде изменет под услов на измена на Годишната програма за работа на Еразмус+. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ја консултираат Годишната програма за работа на Еразмус+ и нивните амандмани, објавени на:
https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en |
Доделените грантови, како и времетраењето на проектите варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот, видот на апликантите што ги исполнуваат условите и бројот на вклучени партнери.
Корисниците може да ги пријават трошоците за работата извршена од волонтери во рамките на акција врз основа на единечни трошоци одобрени и дефинирани во Одлуката на Комисијата (2019) 2646. Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални инструкции за подобноста на волонтерските трошоци.
Сите рокови за поднесување на апликациите наведени подолу се според бриселско време.
KлучнаAкција1 | |
---|---|
Мобилност на поединци во областа на високото образование | 20 февруари 2024 година во 12:00 часот |
Мобилност на поединци во областите на стручното образование и обука (VET), училишното образование и образованието на возрасни | 20 февруари 2024 година во 12:00 часот |
Мобилност на кадар од областа на спортот | 20 февруари 2024 година во 12:00 часот |
Меѓународна мобилност која вклучува трети земји кои не се поврзани со програмата | 20 февруари 2024 година во 12:00 часот |
Еразмус акредитации во стручното образование и обука (VET), училишното образование и образованието на возрасни | 1 октомври 2024 година во 12:00 часот |
Еразмус акредитации во областа на младите | 1 октомври 2024 година во 12:00 часот |
Мобилност на поединци во областа на младите | 20 февруари 2024 година во 12:00 часот |
Мобилност на поединци во областа на младите | 1 октомври 2024 година во 12:00 часот |
DiscoverEU – Aкција за инклузија | 20 February 2024 at 12:00 |
Виртуелни размени во областа на високото образование и младите | 25 април 2024 година во 17:00 часот |
Kлучна Aкција2 | |
---|---|
Партнерства за соработка во областа на образованието, обуката и младите, освен оние поднесени од европски НВО-а | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Партнерства за соработка во областа на образованието, обуката и младите поднесени од европски НВО-а | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Партнерства за соработка во областа на спортот | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Партнерства за соработка во областа на младите освен оние поднесени од европски НВО-а | 1 октомври 2024 година во 12:00 часот |
Партнерства од мал обем во областа на училишното образование, стручното образование и обука, образованието на возрасните и младите | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Партнерства од мал обем во областа на училишното образование, стручното образование и обука, образованието на возрасните и младите | 1 октомври 2024 година во 12:00 часот |
Партнерства од мал обем во областа на спортот | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Центри за стручна извонредност | 7 мај 2024 година во 17:00 часот |
Еразмус+ Академии за наставници | 6 јуни 2024 година во 17:00 часот |
Акција Еразмус Мундус | 15 февруари 2024 година во 17:00 часот |
Сојузи за иновации | 7 март 2024 година во 17:00 часот |
Градење на капацитети во областа на високото образование | 8 февруари 2024 година во 17:00 часот |
Градење на капацитети во областа на стручното образование и обука | 29 февруари 2024 година во 17:00 часот |
Градење на капацитети во областа на младите | 6 март 2024 година во 17:00 часот |
Градење на капацитети во областа на спортот | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Непрофитни европски спортски настани | 5 март 2024 година во 17:00 часот |
Kлучна Aкција3 | |
---|---|
Европските млади заедно | 7 март 2024 година во 17:00 часот |
Жан Моне Акции и Мрежи | 1 февруари 2024 година во 17:00 часот |
Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални инструкции за поднесување на апликациите.
Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата Еразмус+ за 2024 година на следната интернет адреса:
http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide |
Водичот за програмата Еразмус+ е составен дел на овој повик за предлог-проекти и условите за учество и финансирање изразени во него целосно важат за овој повик.
(1) OJ L 189, 28.5.2021, p. 1.
(2) Жан Моне Акциите се отворени за организации од целиот свет.
(3) Предмет на потпишување на билатералните договори за асоцијација
ELI: http://data.europa.eu/eli/C/2023/1262/oj
ISSN 1977-091X (електронско издание)