fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Како да се искористи максимумот на Еразмус+ програмата за обучување на идните здравствени работници?

03.6.2024 11:44:21
Јавен повик за учество на активност за обука и соработка
„Како да се искористи максимумот на Еразмус+ програмата за обучување на идните здравствени работници? ”
21.10.2024 – 24.10.2024
Лил, Франција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Франција, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на активноста за обука и соработка „Како да се искористи максимумот на Еразмус+ програмата за обучување на идните здравствени работници?” која ќе се реализира во градот Лил, Франција. Настан: Еразмус+ тематски семинар за здравје во делот на високото образование и стручното образование и обука. Како да се искористи максимумот на Еразмус+ програмата за обучување на идните здравствени работници со цел да се зајакне европската мобилност кај студентите и наставниот кадар, да се зајакне соработката, да се поддржи стратегијата за развој на високото образование и стручното образование и обука. Цели на настанот: Целта на овој настан е да придонесе за долгорочната работа на градење на Европска здравствена унија. Настанот ќе се фокусира на следните активности:
- споделување на заеднички ставови и визија за обука на здравствени работници во Европа;
- споделување на експертиза и добри практики за имплементација на интернационални активности во медицинските студии;
- искористување на Еразмус+ можностите за мобилност (КА1) и соработка (КА2) За време на овој настан, организациите за обука во здравството ќе се занимаваат со стратегии за мобилност, интернационализација и стратегија за развој, преку работилници. Целта на овој настан е да покаже како здравствените работници може да ја искористат Еразмус+ програмата за да се соочат со предизвиците, преку главното прашање: Како да се искористи максимумот на Еразмус+ програмата за обучување на идните здравствени работници?
Очекувани резултати:
- Поттикнување на соработка помеѓу европските здравствени организации за обука;
- Поттикнување на мобилности кај студентите и наставниот кадар во здравството;
- Зголемено аплицирање на Еразмус+ проекти (КА1, КА2, Жан Моне…) во здравството.
Целна група на учесници:
Корисници со повеќе или помалку искуство во програмата Еразмус+(во областа на образование во здравството) како наставници, директори, тренери, професори, експерти, организации кои управуваат со мобилности преку конзорциуми.
Овој настан главно го таргетира персоналот вклучен во проектите за мобилност и соработка на Еразмус+ на административно и/или стратешко ниво.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 21.10.2024 - 24.10.2024
(21.10.2024 е ден на пристигнување, 24.10.2024 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
● Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
● Патните трошоци се покриваат од страна на Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 07.06.2024 година.
Апликација: https://salto-et.net/events/show/FR01_0535_TSS_2024
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
При изборот на учесниците ќе се има предвид секторската застапеност во областа на високо и стручно образование, но и на медицинските области.
Општи мерки за спречување на корупцијата Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.






Поврзете се

    czxczcx