fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 1 (еден) експерт за изработка на студија базирана на истражување, анализа и евалуација на резултатите од програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус за периодот од 2021–2024 година

31.1.2025 13:44:50

Врз основа на Решение бр. 02-89/2 од 31.01.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на 1 (еден) експерт за изработка на студија базирана на истражување, анализа и евалуација на резултатите од програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус за периодот од 2021–2024 година

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) во остварувањето на основната дејност имплементација на европската образовна програма Еразмус+ и Европски солидарен корпус (ЕСК) во Република Северна Македонија која е водечка иницијатива на Европската унија чија цел е да се подобри мобилноста, соработката и иновациите во образованието, обуката, младите и спортот. Покривајќи го периодот од 2021 до 2024 година, програмата се фокусираше на инклузија, дигитална трансформација, одржливост на животната средина и активното граѓанство. Оваа студија има за цел да ги евалуира резултатите и влијанијата на програмите Еразмус+ и ЕСК во овој период, обезбедувајќи корисна анализа која ќе обезбеди квалитетен развој на програмата за идниот развој на програмата во програмскиот период од програмата Еразмус+ (2025-2027).

Националната агенција го објавува овој Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) експерт за изработка на студија базирана на истражување, анализа и евалуација на резултатите од програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус за периодот од 2021–2024 година со цел да: 

-       Го евалуира севкупното влијание на програмата врз индивидуите, организациите;

-       Го евалуира ефектот на клучните активности, вклучувајќи:

Мобилност за ученици/студенти и професионален кадар;

Партнерства за соработка и мали партнерства;

-       Го анализира придонесот на програмата кон темите како:

Инклузија и диверзитет;

Дигитална трансформација;

Одржливост на животната средина;

Активно граѓанство и социјална кохезија;

-       Идентификува добри практики, предизвици и области за подобрување.

-      - Обезбеди препораки за подобрување на дизајнот и имплементацијата на идната програма по програмскиот период од програмата Еразмус+ и ЕСК (2025-2027).

Студијата треба да се изработи на англиски јазик.

Делокруг на работа на Експертот

Избраниот експерт ќе:

-       Спроведе преглед на релевантни документи и извештаи на програмите Еразмус+ и ЕСК за периодот 2021-2024;

-       Дизајнира и имплементира методологија за собирање и анализа на податоци, вклучувајќи:

Подготви анкети и прашалници за учесници, организации и засегнати страни,

Изработи студија на случај кои ја илустрираат програмската имплементација,

Формира фокус групи и интервјуа за да се утврди на квалитетот,

-       Ги синтетизира наодите во сеопфатен извештај, вклучувајќи:

Извршно резиме,

Методологија,

Клучни наоди и анализа на влијанието,

Добри практики и научени лекции,

Препораки за поголем импакт на национално нииво и идно поставување на идната програма по програмскиот период од програмата Еразмус+ и ЕСК (2021-2027).

Испораки на резултати

Избраниот експерт треба да изготви:

-      - Извештај за почеток-временска рамка кој треба да содржи детален план за работа, методологија и временска рамка за извршување на анализа и евалуација на резултатите од програмата Еразмус+ и ЕСК за периодот од 2021–2024 година кој треба да се достави во рок од еден месец од потпишувањето на договорот;

-       Привремени извештаи: Периодични извештаи кој треба да го сумираат напредокот и прелиминарните наоди.

-       Финален извештај: Сеопфатен документ кој се однесува на сите цели, придружен со презентација.

-       Збирен извештај: Концизна верзија на конечниот извештај прилагоден за пошироката јавност.

Критериуми за аплицирање

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

-          Високо образование;

-      - Најмалку 5 години искуство во спроведување на ЕУ проекти или на други меѓународни организации и/или учество во спроведување на најмалку 3 ЕУ проекти или на други меѓународни организации;

-       Познавање на европските и националните политики и стратегии во областа на образованието, обуката, младите и спортот; 

-        Докажано искуство во евалуација на програми финансирани од ЕУ или слични програми.

-        Запознаеност со програмата Еразмус+ и ЕСК политиките на ЕУ.

-        Одлично познавање на англиски јазик;

-        Работа со ИКТ алатки.

Временска рамка за извршување на анализата

Се очекува истражувањето да биде завршена во рок од 6 месеци од почетокот на договорот. Детален временски план треба да биде предложен, усогласен со Делокруг на работа на Експертот.

Буџет

Експертот треба да се предложи детален буџет кој ќе ги вклучува:

- Трошоците за вклучен персонал,

- Патни и сместувачки трошоци (доколку е применливо),

- Алатки за собирање и анализа на податоци,

- Разни дополнителни трошоци.

Потребни документи за аплицирање

Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:

  1. Технички предлог:

         Разбирање на проблематиката,

         Предлог методологија и план за работа.

  1. Финансиски предлог:

         Детален преглед на трошоците.

  1. Придружни документи:

         Биографија во Europass формат на англиски јазик  

         Доказ за работно искуство Случаи/Примери за слична претходна работа (истражувања) – најмалку 3, со вклучени препораки

Националната агенција со избраниот експерт ќе склучи договор за период од 1 (една) година во кој ќе се утврдат правата и работите обврски и надоместокот за извршените обврски. 

Начин на аплицирање

Пријавата со потребната документација треба да се достави на следната е-пошта info@na.org.mk со наслов на е-пошта: Апликација за експерт за анализа и евалуација, со краен рок на аплицирање до  15.02.2024  година, до 16.00 часот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Критериуми за евалуација на апликацијата:

Пристигнатите пријави за експерти ќе поминат низ проверка на условите од јавниот повик врз основа на поднесените документи. Селекцијата на пристигнатите пријави ќе се извршува во следните фази:

  1. Техничка експертиза максимум 30 бодаи тоа за:

         Релевантно искуство и квалификации,

         Соодветност на предложената методологија.

  1. Предлог пристап максимум 30 бода и тоа за:

         Јасност и изводливост на работниот план,

         Усогласување со целите на студијата.

  1. Ефикасност на трошоците максимум 20 бода и тоа за:

         Разумен и детален финансиски предлог.

  1. Искуство максимум 20 бода и тоа за:

         Случаи/Примери за слична претходна работа (истражувања), со вклучени препораки.

Условот да се избере експертот е од можни 100 бода да има освоено минимум 70 бода. По направеното квалитативното оценување Комисијата ќе ги повика на интервју тројцата најдобро рангирани кандидати.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на експерт за анализа и евалуација на резултатите од програмата Еразмус+ за периодот од 2021–2024 година и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx