"Towards Collaborative Practice": TCP Social Innovation Lab
20–24 октомври 2025 | Сараево, Босна и Херцеговина
СЕМИНАР (4 учесници)
Меѓусекторски настан кој ја истражува улогата на младинската работа и програмата Еразмус+ во поттикнувањето на вработливоста, социјалното претприемништво и општествената иновација.
Овој нов TCP настан ќе истражува како младинската работа може да одговори на новонастанатите општествени предизвици преку општествени иновации и претприемачки начин на размислување. Со обединување на клучни чинители, настанот ќе истражува трендови во генерациски промени, променливиот свет на трудот и иновативни пристапи во младинската работа.
По осум успешни изданија на „Кон Колаборативна Практика“: TCP Форум и три инспиративни „Кон Колаборативна Практика“ студиски посети одржани во Шведска, Италија, Обединетото Кралство, Унгарија, Шпанија, Кипар, Грција и Израел, ова ќе биде првиот TCP настан кој се одржува на Западен Балкан.
Овозможување на организациите за општествени иновации и влијание
Настанот ќе служи како динамична платформа за учесниците да ги истражат општествените иновации, да претстават инспиративни иницијативи и да стекнат практични алатки за справување со актуелните општествени предизвици релевантни за младите денес. Дополнително, ќе обезбеди можности за развивање нови стратегии за развој на младинската работа и поттикнување идна соработка меѓу учесниците, особено во рамките на програмата Еразмус+, за создавање значаен општествен импакт. Програмата се состои од воведни говори, работилници и теренски посети, со фокус на тоа како организациите можат да се адаптираат, останат релевантни и ефективно да се поврзат со своите целни групи.
Цел на настанот:
Целта на овој настан е да поттикне поврзување, да инспирира акција и да ги опреми учесниците и организациите со вредни практики за излегување од зоната на комфор и за иновации во секторот на младинската работа.
Општи цели на TCP настаните:
Специфични цели на овој TCP настан:
Активноста собира 40 учесници од земјите од програмата Еразмус+, Источното партнерство, Јужниот Медитеран и земјите од Западен Балкан, со следните професионални позадини: практичари од граѓанскиот сектор, државни институции, академија, претприемачи, медиуми, училишта и бизнис-сектор поврзани со темата на активноста (унапредување на вработливоста, социјалното претприемништво и општествените иновации во младинската работа и програмата Еразмус+).
Безбедност и пристапност
Местото на одржување и активностите се достапни за сите; вечерните програми се по избор. На овој настан, партнерите и организаторите ги следат принципите на безбеден простор, стремејќи се да обезбедат секој да биде прифатен како што е, без страв од дискриминација или вознемирување. Се очекува и учесниците да ги почитуваат истите принципи.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 20-24 октомври 2025 година - Сараево, БиХ
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 01.10.2025 година (13.00ч).
Апликацијата од линкот подолу потребно е да се симне на вашиот компјутер, да се пополни комплетно и истата да биде испратена на Jovica.mitevski@na.org.mk со наслов „Колаборативна Практика“ име и презиме на апликантот/организацијата.
Линк за аплицирање:
ОПШТИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.