fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 03/2025 за избор на директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

05.12.2025 09:13:40

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ -  03/2025

 

Врз основа на член 16 став 3 од Законот за основање на Национална агенцијаза европски образовни програми и мобилност (Службен весник на РМ бр. 113/07, 24/11, 24/13, 41/14, 145/15, 55/16, 64/18 и Службен весник на РСМ бр. 53/24 и 235/24), а согласно Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност бр. 02-917/1 од 04.12.2025година, Управниот одбор наНационална агенцијаза европски образовни програми и мобилност објавува јавен оглас за избор на:

 

- Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

 

I. Кандидатите за директор треба да ги исполнуваат следните услови:

 

  1. да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  4. има минимум пет години работно искуство и
  5. поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

-          ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;

-          ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода;

-          ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво

-          ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен

-          БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

-          АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

II. Кандидатите за директор потребно е да ја достават следната документација:

 

  • Кратка биографија (Curriculum Vitae)  европски образец;
  • Писмо за мотивација;
  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Диплома за завршено образование наведено во точка 3);
  • Документи за доказ на работно искуство и
  • Меѓународно признаен сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години наведено во точка 5).

 

III. Работно време: дневно од 07:30 до 08:30 часот и трае до 15:30 односно до 16:30 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне. Почетна основна месечна нето плата 69.339,00 денари. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

 

IV. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Управниот одбор наНационална агенција за европски образовни програми и мобилност. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

 

V. Комплетните апликации, во затворен коверт, кандидатите се должни да ги достават најдоцна до 31.12.2025 година, до 12 часот, на следната адреса:

 

Национална агенција за eвропски образовни програми и мобилност
бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

Со назнака: За Управен одбор, бројот на оглас „Јавен оглас бр. 03/2025", со напомена:„Не отворај“.

 







Поврзете се

    czxczcx