fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН КОНКУРС за ангажирање на 7 (седум) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

01.4.2026 14:31:12

Врз основа на Решение бр. 04-232/5 од 27.03.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува

ЈАВЕН КОНКУРС

за ангажирање на 7 (седум) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 7 (седум) надворешни соработници и тоа:

  1. 1.      Двајца (2) надворешни соработници  во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-        најмалку  една година работно искуство во управување со проектен циклус;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

2. Еден (1) во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи (мрежа Евродеск)

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-        најмалку  една година работно искуство во управување со проектен циклус;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

3. Еден (1) надворешен соработник за ИКТ (информациско комуникациски технологии) и европски образовни мрежи

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-        Средно образование IV степен или VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, природни науки;

-        најмалку три години работно искуство со серверно - оперативни ИТ системи;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

4. Двајца (2) надворешни соработници во Сектор стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-        најмалку  една година работно искуство во управување со проектен циклус;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

5. Еден (1) надворешен соработник за односи со јавност и комуникација

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-        со или без работно искуство;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

-        да е државјанин на Република Северна Македонија,

-        активно да го користи македонскиот јазик,

-        да е полнолетен,

-        да има општа здравствена способност за работното место

Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

               - Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

               - Писмо за мотивација;

               - Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

               - Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

               - Уверение/диплома за завршен степен на образование;

               - Доказ на работно искуство;

               - Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)   

Временска рамка за извршување на работни активности:

               -    Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од една година.

Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

 (со назнака Јавен конкурс бр. 02/2025)

Контакт: 02-3109-045

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 7 (седум) надворешни соработници и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx