fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен конкурс за ангажирање на 3 (тројца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

28.5.2026 16:35:12

Врз основа на Решение бр. 04-355/5 од 27.05.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува

 

Јавен конкурс

за ангажирање на 3 (тројца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

 

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 3 (три) надворешни соработници и тоа:

  1. 1.       Еден (1) надворешен соработник  во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          најмалку  1 (една) година работно искуство во областа на образованието;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

  1. за правни постапки

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          најмалку  3 (три) година работно искуство во правни работи

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

  1. надворешен соработник за логистичка и техничка поддршка

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-          завршено средно образование;

-          најмалку 5 (пет) години работно искуство

 

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

 

Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

                - Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

                - Писмо за мотивација;

                - Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

                - Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

                - Уверение/диплома за завршен степен на образование;

                - Доказ на работно искуство;

                - Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) – за позициите каде што е наведено;             

Временска рамка за извршување на работни активности:

               -    Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од една година.

 

Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

 

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

 (со назнака Јавен конкурс бр. 02/2026)

Контакт: 02-3109-045

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 (тројца) надворешни соработници и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 







Поврзете се

    czxczcx