fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (два) експерти за изработка на функционална рамка за кариерно советување и насочување на ученици со попреченост

07.7.2026 12:55:55

Врз основа на решение бр.18-429  од 06.07.2026 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

за избор на 2 (два) експерти за изработка на функционална рамка за кариерно советување на ученици со попреченост

 

Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и Еврогајденс центар. Оваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.

 

Во рамки на имплементацијата на годишната програма на Еврогајденс Центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за избор на два (2) експерти: еден експерт од областа на средно гимназиско образование  и еден од областа на средно стручно образование за изработка на функционална рамка за кариерно советување на ученици со попреченост од средно образование.

 

Изработката на функционална рамка за кариерно советување на ученици со попреченост претставува создавање на структурирана методологија и пристап кој ќе овозможи ефикасно насочување и поддршка на деца со попреченост во нивниот развој и избор на професионален пат. Оваа рамка треба да ги земе предвид нивните индивидуални потреби, способности и интереси, и да им помогне да развијат компетенции и самодоверба. Крајната цел на создавање на функционална рамка е да им се овозможи на децата со попреченост да ја остварат својата професионална независност и интеграција во општеството

 

Критериуми за аплицирање

-      Да е лице вработено во стручна служба во гимназија или средно стручно училиште мин. 3 години

-     Да е кариерен советник и да има искуство со ученици со помали можности или со попреченост

-      Да е во тимот за кариерно советување во училиштето

-   Да има искуство при изработка на публикации, водичи, брошури или др. интелектуални трудови

-     Да има одржано индивидуални и групни сесии за кариерно советување на поедници и групи

 

 

 

Начин на пријавување:

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) и мотивациско писмо на следнава електронска пошта: anabela.dimoska@na.org.mk, најдоцна до 14.07.2026 година, до 16.30 часот..

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Националната агенција со избраните кандидати ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на два (2) експерти за изработка на функционална рамка за кариерно советување на ученици со попреченост  и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.






Поврзете се

    czxczcx