fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК За избор на пет (5) наставници по ликовно образование, за учество на еТвининг семинар/ креативна работилница меѓу ученици и наставници под наслов „ eTвининг работилница: Од приказна до слика “ кој ќе се одржи во периодот од 25-27 септември 2026 година во Крушево, Република Северна Македонија

27.8.2026 11:27:11

 

 

Врз основа на Решение20-553/2од 26.08.2026  , Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

За избор напет (5)наставници по ликовно образование, за учество на еТвининг семинар/ креативна работилница меѓу ученици и наставници под наслов „eTвининг работилница: Од приказна до слика кој ќе се одржи во периодот

од  25-27 септември 2026 годинаво Крушево, Република Северна Македонија

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за 2026–2027 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за избор на пет (5) наставници по ликовно образование од основно или средно училиште, за учество на еТвининг семинар/ креативна работилница меѓу ученици и наставници под наслов „еТвининг работилница: Од приказна до слика“, која ќе се одржи од 25 до 27 септември 2026 година во Крушево, Република Северна Македонија.

Целта на работилницата е преку креативна работа на наставниците и учениците, под менторство на ликовен експерт, да изработат заедничко уметничко дело, слика на платно, која ќе претставува основа за понатамошна соработка и развивање на еТвининг проект.

Трошоци за учество

Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за храна и сместување.Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до местото на одржување на семинарот, трошокот за пат ќе бидат рефундирани во износ на автобуски билет за секој учесник.

 

Критериуми за аплицирање

 

  • ·        Лицето да биде наставник по ликовно образование;
  • ·        Лицето да биде вработено во основно или средно училиште;
  • ·        Лицето да предава ликовно образование на ученици на возраст од 13 години и повозрасни;
  • ·        Лицето да биде во можност да формира група од 6 ученици на возраст од 13 години и повозрасни од училиштето во кое е вработено, кои ќе учествуваат на еТвининг семинар/креативна работилницата „Од приказна до слика“, која ќе се одржи од 25 до 27 септември 2026 година во Крушево.

 

*При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и активности и ангажман во еТвининг.

 

Напомена: Избраните наставници се одговорни за надзорот, безбедноста и грижата за шесте ученици од нивното училиште за време на нивното учество на еТвининг семинарот и креативната работилница.Учениците можат да учествуваат само со претходно обезбедена писмена согласност од родител/старател.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е07.09.2026 година.Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите за пријава, потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:   https://forms.gle/5rRkGYfmGeLL3CwW8

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на пет (5) наставници по ликовно образование, за учество на еТвининг семинар/ креативна работилница меѓу ученици и наставници под наслов „еТвининг работилница: Од приказна до слика“, која ќе се одржи од 25 до 27 септември 2026 година во Крушево, Република Северна Македонијапри извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx