Претставници од НАЕОПМ, заедно со Директорот Марко Ѓорѓиевски, имаа средба со Претседателот на Република Северна Македонија - Стево Пендаровски.
Се разговараше за тековните активности на агенцијата, насочени кон промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот и можностите за соработка со ПЦПО.
Дискутиравме и за новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година, можностите што ги нуди, како и за предизвиците поврзани со димензионирање на буџетската рамка за нашата земја.