fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Препознаваме и поддржуваме вистински иницијативи за млади лица

11.2.2022 10:38:40
Општина Струмица е засега единствената општина од Република Северна Македонија којашто интензивно ја подготвува апликацијата за титулата Европска младинска престолнина за 2025 година што ја доделува Европскиот младински форум. Оваа можност нуди извонредни искуства и креирање нови партнерства.

„Како Национална агенција силно веруваме дека оваа можност ви нуди извонредни искуства и креирање нови партнерства“. - изјави Директорот Марко Ѓоргиевски.

Европската младинска престолнина има за цел да ја промовира интраевропската соработка меѓу младите. Меѓу најважните аспекти на институцијата е подобрувањето на секојдневниот живот на младите во градот избран за младински главен град, не само за времетраењето на свеченостите, туку и на долг рок. Обезбедувањето дека младите се информирани и активно вклучени во општеството и им се даваат можности за подобра иднина е исто така приоритет на иницијативата.







Поврзете се

    czxczcx