fb_img
Големина на фонт
Контраст

Вработување

Јавен конкурс број 01/2022 за ангажирање на 3 (три) надворешни соработници во НАЕОПМ

23.9.2022 13:10:49

Врз основа на Решение бр. 04-1095/5 од 23.09.2022 година директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН КОНКУРС БРОЈ 01/2022

за ангажирање на 3 (три) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува конкурс за ангажирање на 3 ( три ) надворешни соработници и тоа:

  1. Наворешен соработник во Сектор координација и реализација на европски програми и мрежи (мрежа Епале) – 1 (еден)

Општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови:

-          средно или вишо образование

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку две години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време:

-          Работни часови во неделата - 40

-          Работно време од понеделник до петок од 7:30/08:30  до 15:30/16:30

  1. Надворешен соработник во Сектор координација и реализација на европски програми и мрежи – 2 (два)

Општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови:

-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку пет години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време:

-          Работни часови во неделата- 40

-          Работно време од понеделник до петок од 7:30/08:30  до 15:30/16:30

Кандидатите потребно е да ја достават следната документација:

- Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

- Писмо за мотивација;

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

- Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

- Уверение/диплома за завршен степен на образование;

- Доказ на работно искуство;

-Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и

- Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција. Изборот ќе се изврши во рок до 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од една година.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

(со назнака – Јавен конкурс бр. 01 /2022”)

Контакт : 02-3109-045Лице за контакт: Анета Здравковска







Поврзете се

    czxczcx