fb_img
Големина на фонт
Контраст

Вработување

ЈАВЕН КОНКУРС за ангажирање на 11 (единаесет) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

12.12.2022 21:34:12



Врз основа на Решение бр.04-1371/4 од 01.11.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува:



ЈАВЕН КОНКУРС

за ангажирање на 11 (единаесет) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност



Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 11 (единаесет) надворешни соработници и тоа:



1. Два (2) надворешни соработници  во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).



2. Еден (1) надворешен соработник во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи (мрежа Евродеск)



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).



3. Еден (1) надворешен соработник во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи (мрежа Европас)



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три години работно искуство во струката;



-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).







4. Два (2) надворешни соработници за ИКТ (информациско комуникациски технологии) и европски образовни мрежи



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-          Средно образование IV степен или VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, природни науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).



5. Еден (1) надворешен соработник во Сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади (во полето Спорт)



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-          средно образование IV степен или вишо образование V степен;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          со или без работно искуство;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).



6. Два (2) надворешни соработници во Сектор стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови



-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).



7. Еден (1) надворешен соработник за односи со јавност



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови



-          VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).



8.  Еден (1) надворешен соработник  во Сектор за финансиски прашања



Кандидатите да ги исполнуваат следните услови



-          средно образование IV степен или вишо образование V степен;

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку три  години работно искуство во струката;

-          Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).









Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место



Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

            - Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

            - Писмо за мотивација;

            - Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

            - Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

            - Уверение/диплома за завршен степен на образование;

            - Доказ на работно искуство;

            -Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и 

            - Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.



Временска рамка за извршување на работни активности:

-           Надворешниот соработник се обврзува да ги извршува сите договорени работни активности навремено и ажурно, во времетраење од 40 часа неделно.



Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција. Изборот ќе се изврши во рок до 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење заклучно до 31.12.2023 година.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност или по пошта на следнава адреса:



Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

 (со назнака – “ Јавен конкурс бр. 02/2022” )

Контакт : 02-3109-045 Лице за контакт: Анета Здравковска



                                     






Поврзете се

    czxczcx