fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Youth Wiki: Форум за младински политики

29.3.2022 08:11:19

Да инвестираме во младите и да не заборавиме дека тоа треба да е насекаде, подеднакво. Да креираме и да инвестираме за и со младите.

Денес се одржа „Youth Wiki: Форумот за младински политики”, настан со цел да се воспостави дијалог помеѓу младите и младинските организации со носителите на одлуки за младински политики, и да ги во креирањето, спроведувањето и следењето на младинските политики, воедно и да ја запознае јавноста со платформата ЈутВики (Youth Wiki). На овој настан се обрати директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски и потенцираше дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Еразмус+ нудат најразлични можности за сите и даваат можност за градење на капацитетите на младите и развој на лично и професионално ниво.

Во рамки на панел дискусиите беше споделен развојот на младинските политики од изминатата година, новите трендови и приоритети во младинските политики, актуелните потреби на младите и нивно вклучување во процесите на креирање политики, како и наодите од имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е носител на ЈутВики (Youth Wiki) за Северна Македонија.







Поврзете се

    czxczcx