fb_img
Големина на фонт
Контраст

Настани

Повик за пријавување за инфо ден за инклузивната акција“Истражи ја Европа” поддржана од програмата Еразмус+

30.8.2022 14:37:23

Датум: 05.09.2022 година
Место: Национална агенција за европски образовни програми мобилност
Адреса: Кузман Јосифовски Питу 17, Скопје 1000
Време: 12.30 – 14.00ч.

Почитувани, На ден 05.09.2022 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност организира инфо ден за новата акција поддржана од програмата Еразмус+ “Истражи ја Европа инклузивна акција”. На инфо денот присутните ќе имаат можност да се запознаат со новата акција која што ја нуди програмата Еразмус+, и можностите кои што таа ги нуди.

За акцијата: Инклузивната акција “Истражи ја Европа” е наменета за млади лица на возраст од 18 години (не помлади или постари од 18 години) кои на еднаква основа со нивните врсници од другите држави во Европа имаат можност да реализираат краткорочно индивидуално или групно искуство, преку патување низ Европа со железница или други начини на транспорт. Организациите и неформалните групи на млади луѓе и поединечно млади луѓе имаат можност да добијат финансиска поддршка за реализација на проекти во рамките на кои младите луѓе со помалку можности имаат можност да учествуваат во “Истражи ја Европа инклузивна акција” (DiscoverEU).

Во новата акција учество може да земат:
Непрофитна организација, здружение на граѓани, јавно тело на локално, регионално, национално ниво; социјално претпријатие; профитно тело активно во социјално корпоративната сфера;
Неформална група на млади луѓе - Група од најмалку четири млади луѓе на возраст од 18 години (не помлади или постари од 18 години). Еден од членовите на групата ја презема улогата на претставник и презема одговорност во име на групата. 

Ги покануваме сите млади лица на возраст до 18 години кои сакаат да се впуштат во една нова авантура каде што ќе имаат можност да ја истражат Европа индивидуално или во група, и сите организации кои што работат во полето на младите, кои ќе имаат можност да им овозможат на младите лица до 18 години да искусат нова авантура да се пријават на следниот линк или подолу на формата за пријавување.


Напомена: Пријавувањето ќе биде отворено до 02.09.2022 година 15.30ч.







Поврзете се

    czxczcx