Врз основа на Решение бp.20-1181/2 од 07.10.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 5 (пет) етвиниг амбасадори за еТвининг семинар
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 5 (пет) еТвининг амбасадори, кои ќе заминат на семинар, под наслов : „Тимот гради соништа“ кој ќе се одвива од 09-11 ноември 2022 во Сараево, БиХ..
Кој може да аплицира?
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Лицето да е регистрираново еТвининг порталот
- Лицето да е или да било еТвининг амбасадор
- Лицето да е вработено во основно, средно училиште или градинка;
- Лицето да има познавање на англиски јазики ИКТ алатки;
При пријавувањето ќе се земе во предвид амбасадорите да застапуваат различни образовни институции и различни општини низ земјава
Начин и рок за аплицирање?
Предлагам датум на објава на повикот да биде 10.10.2022г и ќе трае до 14.10.2022 година, 16.00 часот. Кандидатите е потребно да достават нана електронската пошта mila.protuger@na.org.mk: