Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ве известува дека од 2023 година започнува со создавање на Национална Еврогајденс мрежа.
Придобивки при членување:
- Известување по е-пошта за обуки организирани од останатите Еврогајденс мрежи од цела Европа
- Објавување на ваши публикации, истражувања, проекти и останати активности поврзани со кариерно советување/насочување на претстојната македонска веб-страница на Еврогајденс и доколку содржината ја испратите на англиски јазик и на официјалната веб-страница на Еврогајденс Европа.
- Користење на логото на Еврогајденс Северна Македонија при организација на ваши настани поврзани со кариерно советување/насочување.
- Поврзување со други Еврогајденс центри низ Европската Унија.
- Останати придобивки согласно растењето на Националната Еврогајденс мрежа.
НАПОМЕНА: Членови на Националната Еврогајденс мрежа на Република Северна Македонија може да бидат државни институции кои се занимаваат со кариерно советување/насочување, Здруженија на граѓани и кариерни центри во институции по средно и високо образование. Поединци не членуваат во Националната Еврогајденс мрежа.
Пријавете ја Вашата организација/институција на следниот линк:
https://forms.gle/BNPNW44K58FnsA8A6
Доколку имате прашања, слободно контактирајте не на euroguidance@na.org.mk