03 – 05 мај 2023 година,
Бон, Сојузна Република Германија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Германија, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на семинарот „Училиштата стануваат зелени и дигитални, а Еразмус+ ја поддржува квалитетната настава!“ - Европска конференција за предизвиците на училиштата во услови на климатски промени и дигитализација“
Со оглед на растот на климатски промени и темпото на дигитализација, денешните училишта се соочуваат со големи предизвици. Конференцијата ќе се фокусира на прашања поврзани со тоа какво знаење им е потребно на наставниците за да се соочат со предизвиците и како може Еразмус+ да придонесе за стекнување на ова знаење како и тоа кои услови се неопходни за да се создаде оптимална атмосфера за учење и инклузивна средина во училиштата. Како проектите Еразмус+ - можат да придонесат за оваа цел?
Од учесниците се очекува максимална вклученост во предвидената тематика на семинарот со свој придонес во работните групи. Очекуваните резултати од конференцијата се да бидат претставени иновативни проекти за дигитализација и одржливо образование со фокус на обуката за наставници.
Ќе се пристапи кон темата „диклузија“ (дигитално вклучување). Конференцијата ќе ги нагласи начините на кои училиштата и наставниците можат да имаат корист од еТвининг и Европската училишна платформа за образование. Во дискусии помеѓу себе и со помош на експерти од областа, учесниците ќе разговараат и ќе развијат концепти за обука на наставници и развој на училиштето.
Дополнително, ќе бидат понудени можности за вмрежување на училиштата и институциите за обука на наставници за да најдат партнери и да иницираат нови проекти (проекти за мобилност, проекти за соработка)
Конференцијата се фокусира на следниве целни групи:
- Претставници од училишта (од предучилишно до средно училиште, вклучувајќи ги и стручните училишта), претставници од институции за обука на наставници, кои се заинтересирани и фокусирани кон Еразмус+ дигитализација и заштита на животната средина.
- Претставници на Еразмус+ проекти кои спровеле или спроведуваат проекти за дигитализација и заштита на животната средина.
- Претставници од образовните институции и Министерството за образование и наука (координатори на конзорциум за мобилност).
-Претставници на академиите за наставници Еразмус+ и активностите на Жан Моне за образование за одржлив развој и дигитализација
Бажен е мешовит профил на учесниците со цел постигнување на квалитетни и мерливи резултати по завршување на семинарот
Деталната програма на семинарот во пдф формат е достапна на платформата САЛТО за оваа соодветна транснационална активност за соработка.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 03 – 05 мај 2023 година (3 мај е ден на пристигнување, 5 мај е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
•
Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
•
Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, потенцијален ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Бон, Германија во периодот од 03-05 мај 2023 година. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 15.02.2023 година.Форма за аплицирање: https://salto-et.net/events/show/DE03_0457_THO_2023Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.