24-28 април 2023 година | Скопје, Република Северна Македонија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националните агенција од Турција и Кипар, објавува јавен повик за учество на 4 учесникa на семинарот “Развивање на претприемачки компетенции во младинската работа “.
Овој Youth@Work семинар има за цел да промовира заедничко разбирање за EntreComp и претприемничкото учење фокусирано на младинската работа.
Развојот на претприемничките компетенции на европските граѓани и организации многу години е една од клучните цели на политиката како една од осумте клучни компетенции за доживотно учење, која е исто така наведена и во Европската стратегија за млади 2019-2027 година. Рамката за компетенции на EntreComp претставува развиен и структуриран сет на вештини, ставови и вредности за претприемачкиот начин на размислување и ги води младинските работници и едукаторите во развивањето и имплементацијата на висококвалитетни можности за учење на младите луѓе.
Овој Youth@Work семинар е организиран од Еразмус+ националните агенции на Северна Македонија, Турција и Кипар, и ќе се одржи во Скопје, Северна Македонија, ќе ја истражи и обезбеди подобро разбирање на EntreComp рамката и другите сродни ресурси и нејзината употреба во практиката на младинска работа и има за цел да ја зголеми мотивацијата за промовирање на претприемничкото учење. Активноста ќе го подобри откривањето на сите димензии на EntreComp (засновано на европскиот модел на компетенции за младински работници EntreComp). Понатаму, семинарот ќе биде простор за споделување на добри практики и ко-креирање и конструирање на различни идни употреби на EntreComp.
Цели и задачи:
Овој семинар има за цел да промовира заедничко разбирање за EntreComp и претприемничкото учење фокусирано на младинската работа.
Цели:
Запознавање со рамката на EntreComp и разбирање на нејзините потенцијали и можни употреби, особено на полето на младинската работа.
Откривање стратегии и ресурси во младинската работа за промовирање на претприемничкото учење кај младите.
Зајакнување на чувството за иницијатива и претприемачки начин на размислување со истражување на различните примени на рамката за конкретни проекти.
Креирање мрежа за поддршка, соработка и споделување на искуства меѓу учесниците.
Методологија:
Методологијата ќе се заснова на принципите на неформално образование и ќе го поттикне активното учество на присутните, комбинирајќи обуки со различни работилници и простори за индивидуални/групни размислувања и заеднички креации.
Во текот на семинарот, рамнотежата помеѓу теоретските сесии и интерактивните методи ќе овозможи консолидација на знаењето, истакнувајќи ја важноста на „учење преку правење“, потпирајќи се на искуството на групата и пристапување кон процесот на учење на најпрактичен можен начин.
Очекувани резултати:
Зголемување на свеста на учесниците за EntreComp и за тоа како може да го поддржи зајакнувањето на претприемачките компетенции во нивните контексти на интервенција.
Обезбедување на учесниците алатки и ресурси за мапирање на индивидуалните претприемачки компетенции и самоевалуација врз основа на информациите и добрите практики за практична употреба на оваа рамка.
Мотивирање на учесниците да ја користат рамката и другите ресурси поврзани со нивната секојдневна работа.
Истражување преку сесии и ко-креации на EntreComp рамката за новите иновативни употреби и квалитетни апликации каде учесниците ќе бидат протагонисти.
Меѓусебна размнена на искуства, учења и инспирации на учесниците како и од другите актери на семинарот.
Youth@Work партнерство за младинска вработливост и претприемништво на Еразмус+ националните агенции
Овој семинар е дел од Youth@Work партнерството. Youth@Work е институционален сојуз на 11 Еразмус+ национални агенции и 4 SALTO-YOUTH ресурсни центри (SALTOs). Оваа европска стратегија следи заедничка визија, која работи заеднички на темите Вработливост на младите и претприемништво. Можете да дознаете повеќе за Youth@Work на нашите социјални медиуми и нашата веб-страница.
Тим:
Двајцата обучувачи, Алиша Карпио и Патриша Егуја се членови на групата обучувачи на Youth@Work партнерството. Тие носат дополнителна експертиза во претприемничкото учење што произлегува од нивното академско искуство и нивното вклучување како младински работници и фасилитатори за учење.
Алиша Карпио работи повеќе од 19 години во младинскиот сектор, специјализирана за социјално претприемништво и социјални иновации, и како обучувач и како дизајнер на методи, фокусирајќи се на социјалната вклученост и родовата еднаквост. Работела како проектен координатор за регионални, национални и меѓународни проекти поврзани со програмата Еразмус+. Понатаму, таа има искуство во процесите на мониторинг и евалуација.
Патриша Егуја е обучувач со полно работно време од 2016 година. Нејзините области на експертиза се младинско социјално претприемништво, младинска работа и обука за волонтери. Таа има долгогодишно искуство како проектен координатор, особено во меѓународни проекти во рамките на програмата Еразмус + и Европскиот солидарен корпус. Покрај тоа, таа е оценувач на Еразмус + КА2 проектите за германската Еразмус+ Национална агенција.
Препорачано:
Младински работници, обучувачи, младински лидери, менаџери на младински проекти, ментори за волонтерство, младински тренери и други професионалци кои работат со млади луѓе со искуство или со интерес за претприемничко учење и/или поддршка на младинското претприемништво.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 24.04.2023 - 28.04.2023
(24.04.2023 е ден на пристигнување, 28.04.2023 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 06.04.2023 година.
Линк за аплицирање: https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/youth-work-entrecomp-seminar-developing-entrepreneurial-competences-in-youth-work.11115/
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4учесниka на семинарот “Развивање на претприемачки компетенции во младинската работа “и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.