На 15 и 16 јуни 2023 година во Варшава, Полска се одржа третото издание на Форумот за стручно образование - годишна конференција организирана од Фондацијата за развој на образовниот систем, Европас & Еврогајденс Полска и полскиот тим на експерти за стручно образование и обука.
Овогодинешната тема беше „Предизвиците и перспективите на дигиталното образование наспроти барањата на пазарот на трудот“. Програмата опфати клучни прашања поврзани со ефективно планирање на кариерата во ерата на дигиталното образование.
На покана на полските колеги, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација, каде беа разгледани можностите за синергија на програмите Европас и Еврогајденс во работата на кариерното советување/насочување.
Исто така, двете земји разменија добри практики, со што уште еднаш се докажа добрата соработка помеѓу полскатата и македонската Национална Агенција.