fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Националната агенција е докажан партнер на универзитетите, во континуитет се отвараат можности за меѓународна соработка во високото образование

13.9.2023 10:54:24

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку посветена работа и искористување на сопствените капацитети на програмата Еразмус Плус во континуитет го поддржува напредокот на високото образование во нашата држава. 

Со реализирање на могубројни активности работиме на обука и унапредување на знаењата на универзитетските професори и одговорните лица во различни области во високото образование. Отвореното вмрежување со колегите од другите европски држави поддржува и поттикнува меѓународна соработка, носи  позитивни резултати и нови можности за студентите.

Во периодот 10-12 септември 2023 година во Регензбург, Сојузна Република Германија се одржа меѓународен настан за обука и соработка во полето на високото образование кој е фокусиран на новата визија на европската соработка.

Националната агенција која гради успешен однос со колегите од другите национални агенциии особено со германската НА, беше партнер-организатор на овој настан, а учество земаа 100 учесника од 10 различни европски држави.
Поддржани беа повеќе учесници од универзитетите од Република Северна Македонија и тоа : Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“од Скопје, „Климент Охридски“ од Битола, „Гоце Делчев“ од Штип, Универзитетот од Југоисточна Европа, Државниот универзитет од Тетово и „Мајка Тереза“.

Предизвиците со кои се соочува Европа во изминативе години, како и динамичните процеси во интернационализацијата, покажуваат дека перцепцијата за меѓусебната размена и мобилност, како и заедничката проектна соработка во Европа претрпуваат суштински промени. Долгогодишните партнери за соработка и традиционалните текови на мобилност треба да се надополнат со нови партнери и нова визија за европска соработка.
Несомнено голем потенцијал за сето ова лежи во соработката со партнерите од Југоисточна Европа. Во однос на истражувањето на нови концепти за соработка за мобилност, ќе се земат предвид не само влезните и излезните текови, туку и интрарегионалните текови, како и комбинираните формати на мобилност.

Заеднички е ставот на сите европски партнери и чинители дека иднината во високото образование лежи исклучиво во интернационализација, со што суштински се наметнува потребата од интензивна заедничка соработка, градење на стратегии и споделување на добри практики помеѓу универзитетите.

Националната агенција и во идниот период ќе продолжи со интензивните активности кои носат позитивни промени и даваат значаен импакт во високото образование, што се потврди и со меѓународниот настан за високо образование кој беше организиран од страна на Националната агенција, во Скопје во месец јули. Настан на кој учестваа ректори, проректори и координатори за меѓународна соработка од универзитети од медитеранските европски земји и земјите од Западен Балкан.

Иднината на универзитетите е европска, а заедничка обврска е градење на подобар образовен систем за нашите студенти.

viber-image-2023-09-12-15-36-54-087 viber-image-2023-09-12-15-36-54-123 viber-image-2023-09-12-15-36-54-149 viber-image-2023-09-12-15-36-53-966






Поврзете се

    czxczcx