13.12.2023 - 15.12.2023
Белград, Република Србија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка и заедничка организација со Националната агенција од Србија, објавува јавен повик за учество на 10 учесника на активноста за обука и соработка „Настава по математика – надминување на предизвиците”.
Овој настан за обука и соработка има за цел да ги истражи ефективните практики во наставата по математика и да им помогне на наставниците да ги подобрат своите работни активности и практики преку алатки, ресурси и иновативни пристапи. Преку пленарните сесии и работилниците, настанот ќе има за цел да ги поттикне наставниците по математика да го подобрат своето знаење, а со тоа да станат и поинтерактивни со учениците.
Учесниците ќе имаат можност да разменат идеи, да имаат увид во предизвиците и достигнувањата на земјите од регионот.
Очекувани резултати: Да се подобри наставата по математика преку запознавањто на учесниците со алатки, ресурси и иновативни пристапи. Подобрување на вмрежувањето и соработката помеѓу наставниците по математика во регионот. Иновативни и нови пристапи во работата преку споделување на добри практики и меѓусебни искуства.
Цели на настанот:
- Учесниците ќе се запознаат и ќе научат како да ги употребуваат иновативните методологии во наставата по математика со цел да ги зголемат ангажманот и успехот на учениците,
- Учесниците ќе имаат можност да ги споделат најдобрите практики за наставата по математика со колегите,
- Учесниците ќе се запознаат со можностите за обука што ги нуди програмата Еразмус+ програмата,
- Учесниците ќе научат како да ја користат еТвининг платформата во наставата по математика,
- Учесниците ќе бидат поттикнати да го искористат стекнатото знаење.
Профил на учесници/Целна групи:
Овој настан е отворен за наставници кои предаваат математика на предучилишно, основно и средно образование.
Бараме учесници кои имаа имаат интерес кон темата на овој семинари се посветени за подобрување на наставните практики, но сакаат и да ги споделат своите искуства со своите колеги од регионот.
Работен јазик на активноста за обука и соработка во Белград – српски јазик.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Домакинот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...).
Крајниот рок за поднесување на апликации е 24.10.2023 година.
Линк за аплицирање: https://salto-et.net/events/show/RS01_0520_TSS_2023
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на активноста ќе бидат избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за номинација на 10 учесника на активноста за обука и соработка „Настава по математика – надминување на предизвиците”и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може дапријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.