fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Семинар за долгорочни мобилности за учениците” во секторот за училишно образование

19.3.2024 14:41:05

03.06.2024 – 05.06.2024

Мадрид, Шпанија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Шпанија, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на активноста за обука и соработка „Семинар за долгорочни мобилности за учениците” која ќе се реализира во Мадрид, Шпанија.

Цели на настанот:

Оваа Активност за обука и соработка има за цел да ги надмине пречките со кои се соочуваат училиштата при организирање на долгорочни мобилности за учениците и да продолжи да поттикнува интерес кај учениците за истите. Ќе се обезбедат и работни стратегии за управување со долгорочните мобилности за учениците и ќе има вмрежување, со цел да се олесни пронаоѓањето на партнери за повикот Еразмус+ 2024 година. На семинарот ќе бидат прикажани и добри практики, преку присуството на центри кои имаат искуство со долгорочни мобилности.

Очекувани резултати:

-          Да се зголеми интересот кај учесниците за планирање и аплицирање за долгорочна мобилност за учениците;

-          Да се воспостави нова мрежа на контакти, со цел да се аплицира и да се планира долгорочна мобилност за учениците;

-          Да се споделат искуства за успешно управување со долгорочните мобилности за учениците.

Целна група на учесници::

Семинарот е отворен за апликанти од областа на училишно образование (наставници), кои се заинтересирани за имплементирање на долгорочни мобилности за ученици. Приоритет ќе имаат апликантите од акредитираните училишта, но секако доколку остане простор можност за учество ќе имаат и апликанти од неакредитираните училишта. Семинарот е наменет за основни и средни училишта.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 03.06.2024 - 05.06.2024

 (03.06.2024 е ден на пристигнување, 05.06.2024 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 24.03.2024 година.

Аплицирање: https://salto-et.net/AMP/event_single/show_public_overview/ES01_0565_TSS_2023

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на тна активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx