fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Борба против климатски промени и заштита на животна средина со фокус на еден од приоритетите на програмата Еразмус+ - зелена агенда и одржливост

20.5.2024 15:42:12

Јавен повик за учество на  активност за обука и соработка

Борба против климатски промени и заштита на животна средина со фокус на еден од приоритетите на програмата Еразмус+ - зелена агенда и одржливост

13 – 16 јуни 2024 |Охрид

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност согласно динамиката за реализација на предвидените активности објавува Јавен повик за учество на активност за обука и соработка во областа на млади за 50 учесници со тема Борба против климатски промени и заштита на животна средина со фокус на еден од приоритетите на програмата Еразмус+ - зелена агенда и одржливост

Младинскиот тренинг камп има за цел да поттикне и мобилизира 50 млади поединци во Охрид, да преземат значајна акција против климатските промени и да се залагаат за позелена агенда. Преку серија едукативни работилници и практичен активизам, ќе ги надградиме учесниците со знаења, вештини и мотивација да станат поодговорни чинители во нашето општество со акцент на заштита на животната средина.

Тренингот ќе започне со активности за градење на тимот и тимскиот дух, поттикнувајќи чувство на пријателство и соработка меѓу учесниците. Во текот на тренинг кампот предвидени се четири сесии од  неформално образование за еколошката важност на Охридското Езеро, нагласувајќи ја потребата од негово зачувување во услови на климатски промени.

Предвидени се и активности кои вклучуваат практичен активизам за заштита на животната средина и Охридското Езеро, поставување и испраќање на знаци-пораки со еколошка содржина што ќе има директно влијание врз развојот на еколошката свест и посветеноста во зачувување на природата и еколошката заедница.

Фокусот на тренинг кампот е да се создаде група на совесни и мотивирани млади лидери, опремени со знаење и страст да поттикнат еколошки промени во нивните заедници. Преку нивните напори, ние имаме за цел да ја поттикнеме културата на одржливост и одговорност за животната средина, придонесувајќи за поширока борба против климатските промени и промовирање на позелена агенда во нашата држава, што е еден и од главните приоритети на програмата Еразмус+

Цели на тренингот:

Подигнување еколошка одговорност преку ефективни климатски акции, едукација и практичен активизам. Специфична цел: Инспирирање генерација на еколошки свесни лидери кои активно ќе придонесат во заедничката борба против климатските промени и промоција на зелена агенда во своите заедници како еден од клучните приоритети на глобално ниво.

Целна група за која е наменет тренинг-кампот:

Тренинг кампот е отворен за секој млад човек ширум земјата, на возраст од 16-21 година, кој има желба да ни се придружи кон целта за борба против климатските промени и промовирањето на позелена агенда.

Преку инклузивен пристап, имаме за цел да поттикнеме разновидна група млади од целата држава без разлика на нивната етничка, економска или која било друга припадност. Изборот на учесниците ќе има предвид рамномерна регионална диверзификација и застапеност.

Очекувани резултати:

Зголемена свест кај 50 млади учесници за еколошката важност на Охридското Езеро и пошироките импликации од климатските промени.Зајакнато чувство за тимска работа меѓу учесниците преку ангажирање во активности за градење тим и поддршка за идните еколошки иницијативи.

Зголемени знаења и вештини поврзани со зачувување на езерата и зачувување на животната средина со фокус на Охридското Езеро.Практичен активизам преку поставување на еко знаци околу Охридското Езеро, придонесувајќи за спречување на загадување и деградација на природното живеалиште.Зајакнати и мотивирани млади учесници кои се опремени со алатки и инспирација да станат активни чинители на промени во нивните заедници,залагајќи се за позелена агенда и преземање значајни активности против климатските промени.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Настанот ќе се реализира во периодот од 13 – 16 јуни 2024 |во одморалиште во Охрид

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Сместувањето и храната (полни пансиони) се покриваат од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со целосната обука и планирани активности.

Сместувањето е во двокреветни соби (една соба со два учесника)

Патните трошоци ќе биде рефундирани во висина на автобуска карта од местото на поаѓање до Охрид и назад.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 28.05.2024 година (13.00ч).

Апликацијата потребно е да се превземе на вашиот компјутер, да се пополни комплетно и истата да биде испратена на jovica.mitevski@na.org.mkсо наслов  “АОС национален настан13-16.06.2024“ име и презиме на апликантот.

Превземи форма за аплицирање:

АПЛИКАЦИЈА

 Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на учесниците на настанот и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx