Врз основа на предвидените цели и задачи за имплементација на иницијативата Јутвики и Решение 18-648/1 од 13.06.2024 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2024-2025 година
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Северна Македонија.
НАЕОПМ го објавува овој Јавен повик со цел да се избере организација од Република Северна Македонија активна во полето Млади која со својата експертиза ќе придонесе во деталната дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2024-2025 година. Главната улога на организацијата е изработка на дескрипција на националниот развој на политиките во однос на младите кој треба да биде на англиски јазик за потребите на Јутвики.
Критериуми за избор:
Начин на избор и ангажман на Организација
Пристигнатите пријави прво ќе поминат низ проверка на формални услови а потоа врз нив ќе биде спроведена квалитативна проценка врз основа на доставените документи.
Избраната организација ќе биде поканета на задолжителна обука организирана од страна на НАЕОПМ. Обуката се однесува на релевантната документација и начинот на изготвување на секое поглавје.
Избраната организација ќе биде ангажирана до 31 март 2026 година.
Избраната организација ќе потпише договор со НАЕОПМ со кој ќе се регулираат неговите права и обврски во поглед на ангажманот и надоместокот за извршената работа.
НАЕОПМ го задржува правото на измена на износите на надоместокот, како и правото на ускратување и/или смалување на износот на надоместокот сразмерно со опсегот на евентуално утврдените пропусти.
НAEOПM го задржува правото да ги превземе сите неопходни мерки за да спречи судир на интереси кои делумно или целосно можат да влијаат врз имплементацијата на склучениот договор со избраната организација. Членови на избраната организација неможат да бидат ангажирани за изработка на дескрипцијата на Јутвики доколку се:
Постапка за пријавување:
Пријавите се поднесуваат исклучиво по пошта или лично во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на следнава адреса:
Бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 17, Поштенски фах 796, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Краен рок за поднесување на пријавите е: 28 јуни 2024 година (дата на поштенска пратка).
Потребна документација:
Дополнителна документација (копија):
ВНИМАНИЕ! Квалитативната проценка на апликациите ќе се врши врз основа на поднесената потребна документација. Во Ваш интерес е да доставите и дополнителна документација, која ќе даде дополнителен квалитет на Вашите квалификации.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2024-2025 година, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.