fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (двајца) амбасадори за акциjaта еТвининг

18.7.2024 16:49:29


Врз основа на Решение 20-686/2 од 17.07.2024 г.  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:


                                                                                    ЈАВЕН ПОВИК
                                                за избор на 2 (двајца) амбасадори за акциjaта еТвининг

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за 2024-2026 година, потребно  е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да пристапи кон избор на 2 (двајца) eTвининг амбасадори, за еТвининг акцијата со мандат кој ќе трае до крајот на две гододишниот еТвининг акциски план, почнувајќи од септември 2024 г.

1) Задачите на амбасадорите се следни:
Претставување и промовирање на еТвининг активностите во склоп на Еразмус+ програмата
Организирање на локални и регионални работилници со физичко присуство
Промоција на e eТвининг платформата на социјални мрежи
Корисничка поддршка
Споделување успешни приказни
Координација со носители на политики ( Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието)
Промоција на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Одобрување на кориснички профили и креирани проекти во ЕСЕП платформата (European School Education Platform)
Оценување на еТвининг проекти согласно „ еТвининг рамката за ознака за квалитет“
Учествување во работни групи и состаноци организирани од страна на националните сервиси за поддршка или пак од страна на централниот сервис за поддршка:
еТвининг амбасадорот има обврска да учествува во работни групи и состаноци како дел од националниот сервис за поддршка во земјава и надвор и е должен да поднесува извештаи до еТвининг координаторот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

2) Организирање на локални и регионални работилници:

Амбасадорот во текот на договорниот период e должен да организира месечно по една работилница со физичко присуство (со исклучок на месец јули и август), во градинки, основни и средни училишта низ Република Северна Македонија.
Работилниците ќе бидат со времетраење од 3 часа и ќе се состојат од запознавање на присутните со можностите кои ги нуди еТвининг платформата, помош при креирање на личен профил, одобрување на кориснички профил и проект во ЕСЕП платформата, претставување на ИКТ алатка и приказ на креирање на еТвининг проект и примена на истото во секојдневната работа со учениците.
Целта на промоцијата на еТвининг платформата е зголемување на бројот на корисници на порталот, запознавање на воспитувачите, наставниците, професорите, директорите и локалната заедница со еТвининг порталот и можностите кои оваа платформа ги нуди

3) Одржување на локалните и регионалните работилници:

Настаните ќе се одржуваат со физичко присуство на македонски јазик, на локации во земјава, во договор со еТвининг координаторот. По секој одржан настан, потребно е амбасадорот да достави листа на присуство, фотографија и патни трошоци од одржаниот настан до еТвининг координаторот и истите да ги чува и за себе како доказ.
Во текот на планираните активности важно и неопходно е амбасадорите да соработуваат со еТвининг координаторот и да добијат согласност за своите активности.

4) Финансиски надоместок:

Националната агенција ќе им исплаќа финансиски надоместок на ангажираните амбасадори кој износ ќе биде регулиран со Договор за еТвининг амбасадори.  

5) Критериуми за пријавување: Сите заинтересирани кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
Да се вработени во основно, средно училиште или градинка во Република Северна Македонија
Да се регистрирани на еТвининг порталот
Да се искусни еТвинери со учество во минимум 10 еТвининг проекти
Да поседуваат најмалку еден сертификат за професионален развој во еТвининг платформата
Да поседуваат сертификат за одржана обука со физичко присуство
Да се искусни во користење ИКТ алатки неопходни за работа во еТвининг порталот
Да имаат развиено организациски, комуникациски и презентациски способности.

Начин на аплицирање: Кандидатите е потребно да ги достават своите апликации на електронската адреса: aneta.zdravkovska@na.org.mk најдоцна до 25.07.2024 година заедно со

кратка биографија
Свои податоци: име и презиме, телефонски број, електронска адреса, име на училиште и адреса на живеење

Општи мерки за спречување на корупција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за  еТвининг акцијата во времетраење на двегодишниот акциски план и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.



                                                                                 






Поврзете се

    czxczcx