Семинарот ќе ја зголеми свесноста, инспирацијата, развојот на вештини и ќе обезбеди алатки за младинските работници за да ја разберат и имплементираат рамката за компетенции за одржливост на ЕУ, Зелениот договор на ЕУ и Акциониот план за социјална економија.
ЦЕЛ
Оваа активност има за цел да создаде простор за младинските работници и младинските организации да научат за рамката за компетенции за одржливост на ЕУ, социјалните иновации, зелената економија и зелените работни места, како и интеграцијата на ранливите групи.
- Подигнување на свесноста и компетенциите на младинските работници, споделуваат знаење за социјалната и зелената економија, зелените вештини, зелените работни места, користејќи ја рамката за компетенции за одржливост на ЕУ;
- Опремување на младинските работници со знаење, вештини и алатки за реализација на младински работни проекти на одговорен начин во рамките на Erasmus+ и рамката за компетенции за одржливост на ЕУ;
- Презентирање и споделување на практики на социјални бизниси и еколошки одговорни претпријатија и начини на интеграција на ранливите групи во зелената економија;
- Поттикнување на мрежно поврзување и соработка меѓу младинските организации и младинските работници за продолжување на работата на зелената агенда, зелените вештини и зелените работни места, во рамките на Erasmus + и рамката за компетенции за одржливост на ЕУ;
ЦЕЛНА ГРУПА
Активноста е наменета за младински работници, тренери, младински лидери, проектни менаџери, младински истражувачи, и професионалци кои претставуваат различни полиња на пазарот што:
-се заинтересирани за рамката за компетенции за одржливост на ЕУ, социјалните иновации, зелената економија и зелените работни места, како и интеграцијата на ранливите групи
-можат да комуницираат на англиски јазик;
-се над 18 години
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Како резултат, очекуваме учесниците да станат посвесни за својот сопствен импакт врз животната средина и да можат да ги користат своите вештини и знаења стекнати за да водат проекти на поодржлив начин и да инспирираат нови проекти кои ќе се продолжат по семинарот. Сакаме да создадеме и прошириме заедница на истомисленици младински работници кои се страствени за создавање на социјално и еколошки одговорно општество и да ги поврземе со други заедници од различни сектори за да ја зајакнеме социјалната движење.
ЛОГИСТИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 21-26 октомври 2024 во Коринтос, Грција
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 03.09.2024 година.
За аплицирање потребно е да ја пополните целосно апликацијата на следниов линк:
https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/y-w-greening-youth-work.12497/
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа
ОПШТИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 5 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.